Караниколички езера – Кога денот посакувате да трае вечност

       Кога денот посакувате да трае вечност! Караниколички езера со врвот Караниколица

Сонце, чист воздух и пролет во  ноември! Сред  eсен! Како да имавме директен линк со оние кои решаваат за временските услови.

Полни со ентузијазам и насмевки на лицето 150 луѓе тргнавме на дружбата наречена  “Есенско печење на Караниколички езера“.

Вљубениците во планината и природата воопшто и, тоа од сите возрасти предводени од тимот на “I Love Hiking-group Macedonia” турата ја започна од селот Вешала, сместено во пазувите на Шар планина. Оттука и официјално започнавме.

i love hiking skimacedonia tour karanikolicko shar planina (4)

Ако досега од некоја луда и несфатлива причина не сте биле на Шар планина под итно да одите! Шара есенски распослана во сите нијанси на жолта, златна па се до црвена и бронзена боја блесната во пролетно расположение…кој може да остане имун на ваква убавина?!

Е, ние поминувавме баш низ такви долини и шуми. Брзиот дел од групата иташе напред ама неизбежното застанување за фотографирање и восхитување не изостанува.  Правиме две скромни паузи за да си надополниме вода од двете чешми со чиста изворска вода и да си ги споделиме ипресиите од околината која ми се чини дека ги имаше маѓепсано ама баш сите.

i love hiking skimacedonia tour karanikolicko shar planina (6)

По скоро два часа исполнети со многу смеа и многу уживање пред нас се пјавува големото Караниколичко езеро во полн сјај! Распослано и мирно како огледало дава спокој и мир секому кој ќе го посака тоа. Над него надвиснат е врвот Караниколица како гордо да не предизвикува и повикува да го искачиме.

i love hiking skimacedonia tour karanikolicko shar planina (5)

И, тука правиме мала пауза ја чекаме втората група  додека чекаме јадеме и којзнае по кој пат се сликаме…а, времето душа дало за уживање, сонцето пече…само уште лежалка и чадор ни треба. Се собираме со втората група и тргнуваме кон врвот. Зад првиот( и последен рид) скриено не чека малото Караниколчко езеро. По некоја фотографија и тука паѓа и по неполни  15 минути ете сме на врвот Караниколица  кој е висок 2454мнв . Тоа е тоа, поглед од 1000000 долари! Од една страна поглед на малото и големото езеро од  друга остатокот од Шар планина со врвовите Плат, Титов врв и Мал Турчин обвиткани во волшебна магла која ги заскрива ама ни дозволува да ги видиме врвовите.  Накај север ѕирка планината Проклетие и во недоглед се простира Косовското поле.

i love hiking skimacedonia tour karanikolicko shar planina (3)

Тука на врвот задолжително и традиционално ја правиме I Love Hiking-шопската  салата за која добивме коментари исполнети со восхит и неверување. Па кој извади ракија, кој пита и пастрмалија…мераци за сите пари и кусурот! После нашето скромно гезме, секој со своето, кој се осамува за да медитира, кој за да ужива во тишината и погледот, трети за да останат сами со своите мисли. Битно сите уживаат.

i love hiking skimacedonia tour karanikolicko shar planina (2)

i love hiking skimacedonia tour karanikolicko shar planina

Од технички податоци можеме да кажеме дека имаше луѓе од цела Македонија а посебно се издвојуваа градовите: Кочани, Велес, Битола, Охрид и Скопје од каде и беа повеќето учесници.

Сите учесници беа со голема свест и не оставија ама баш никава трага на планината , движењето се одвиваше по точно определен распоред и сите со голема дисциплина го поддржаа тој распоред.

Текст
Александар Богдановски

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки