Од овој четвротк, 26 април почнува нова тура, нова сезона на #ПочниСоВодно. Иницијатори I Love Hiking и две бајкерски банди Macedonian Bike Riders и Друштво неозбилни велосипедисти…кој како сака, нека почне!
Следи го настанот
Guardians of Naturе
I love hiking – group Macedonia ве повикува на почеток на новата сезона на дужби, секој четврток на Водно. Еден малку поинаков автерворк, каде зеадно со двете најголеми бајкерски друштва Macedonian Bike Riders и Друштво неозбилни велосипедисти и нашето хајкерско друштво I love hiking ќе другарувате цела сезона.
Евентот е креиран за сите кои сакаат да се дружат, да ја подигнат своајта форма, да изгубат по некое килце, да влезат во “дугиот свет” со нас. Нудиме забава, запознавање, нудиме корисни совети за вашата исхрана, за подигнување на кондицијата, нудиме совети за сите следни тури.
“Тренингот по Водно се познава” e нашето прашање кон вас секогаш кога сакате да дојдете прв пат на тура. 😀
Не седете и чекајте тура погодна за вас. Дојдете и спремете се за секоја убава тура која следи на нашите планини а и надвор од државава.
Започни со Водно. Стартувај и не застанувај.
Иницијативата брои 18 настани кои ќе ги одбројуваме до самиот крај. Како што ќе се движи крајот така и забавата ќе биде подобра.
На врвот домот ќе биде отворен за учесницте, каде ќе можете да си купите чај, вода.
******************************************************************************
Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.
ОПРЕМА:
– за хајкерите, челна ламба или било какво светло
– за бајкерите, предно, задно, светло
ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 1 л.
– суво овошје, сендвичи и сл.
НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
skimacedonia
