Кратка сторија за историјатот на Ски центар Копанки Пелистер

Ски центарот ,,Копанки“ е свечено пуштен во употреба 04.11.1975 година по повод денот на ослободувањето на градот Битола, со пуштање во употреба на жичарницата од потегот на месноста ,,Бегова Чешма,, до локалитетот ,,Копанки,,.

Комплетната изградба на жичарницата во тој период е како резултат на волјата и желбата на граѓаните од Битола , кој преку референдум за месен саподопринос на општината Битола со средства на граѓаните на општина Битола беше реализиран комплетниот проект и поставена комплетната конструкција од производителот ,, Помагалски ,, – Гренобл – Франција.

planinarski dom kopanki -pelister

Во истиот период беше поставен и детскиот Ски – Лифт ,, Пионир кој се наоѓа во потегот од локалитетот 7 Кладенци – до патот и почетокот на жичарницата на локалитетот ,,Бегова Чешма,,. Мора да се истакне дека овој Ски лифт во моментот е комплетно запоставен и зараснат со бујна вегетација, но неговата преродба и преместување на потегот од хотелот Молика до месноста викана ,, Марково Копито,, би била идеална инвестиција со која би се зголемил квалитетот на ски услугите на Пелистер.

Транспортот на двете постројки беше извршен со помош и во организација на транспортното претпријатие ,, Транскоп ,, Битола – меѓународен транспорт и шпедиција, додека сите неопходни царински формалности , подготвувањето на целокупната документација за увоз на постројките беше организиран од страна на членовите и претседателот на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола.

Pelister18

Свечената употреба на двете постројки на 04.11.1975 година , во присуство на голем број гости, и претставници на општината и републиката , го пушти г-дин Љупчо Спирковски член на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола и репрезенатиивец во скијање на Република Македонија.

Веќе во 1985 со помош на големиот број ентузијасти , планинари , граѓани од Битола и со помош на жителите од потпелистерските села се оспособи стазата над локалитетот Копанки до месноста викана Извидница на надморска висина од 1600 – 1800 метри . Во организацијата при набавката и обезбедувањето на средствата за оваа стаза се погрижи ,, Самоуправната Интересна Заедница ( СИЗ ) за Детска Заштита при општина Битола , со набавка на комплетна конструкција и постројка на Ски Лифтот на тој потег. Оваа инвестиција под погровителство на СИЗ-от за Детска Заштита беше набавена од словенскиот производител на ваква опрема ,, Лесна ,, од Словен Градец Република Словенија.

kopanki -pelister

Во текот на истата година за потребите на скијачките патеки беше набавен и новиот Ратрак за снег , кој во моментот се наоѓа на скијалиштето во Нижеполе во сопственост на Јавното Претпријатие Стрежево од Битола.

Од 1982 година до 1986 година со Ски Центарот стопанисува Рекреативниот Центар – Пелистер – Нижеполе.

Од 1986 – 2001 година со Ски Центарот Копанки стопанисува ,, Детското Одморалиште – Пелистер, под покровителство на Министерството за Труд и Социјала на Република Македонија.

Од 2001 година – 2002 година со Ски Центарот Копанки стопанисува Јавното претпријатие ,, Стрежево,, – Битола.

Од 2002 година до 2005 година со Ски Центарот Копанки стопанисува Приватното Претпријатие ,, Барни ,, од Битола како концесионер на планинарскиот дом Копанки и ски стазата.

Од 2005 година до 2007 година со Ски Ценатарот Копанки стопанисува приватната фирма ,, Грандинг ,, – Скопје.

Периодот од 2006 година до Декември 2011 година е најтешкиот период за Ски Центарот Копанки и за граѓаните и вљубениците на Пелистер, кога Ски Центарот Копанки воопшто не е ставен во функција. Но веќе во почетокот на 2011 година се почуствува потребата некој да застане зад подготовките кои во текот на летото 2010 и 2011 година во голема мера се остварија со поддршка на АД ЕЛЕМ Скопје и нејзините подружници.

Pelister23

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки