Се додека медиумите им даваат глас на политичарите, а не на посветените во ски туризмот резултатите ќе бидат такви какви што се!

16422925_sf freeride pelister cat skiingСе додека медиумите им даваат глас на политичарите, а не на посветените во ски туризмот резултатите ќе бидат такви какви што се!

Непотребна галама и мешање во работите таму каде што не треба. Во оваа држава многумина се експерти и управители секаде, па дури и ако не се повикани за тоа.

Беспредметно е коментирањето и критиките од страна на битолскиот пратеник Горан Милевски кон одлуката на ЕЛЕМ да не ги исклучува лифтовите. Цената на дневна ски карта на Копанки изнесува 300 денари, ако таму во текот на работната недела има пет луѓе, никој не е должен да работи со загуба за да ги задоволи потребите на малкумина. Тоа се вистински трошоци кои ако се заштедат, во име на добар менаџмент ќе има можност за некаква редистрибуција на капитал и инвестиции во центарот Копанки.

IMG_1842-2 dom shiroka pelister

Битолските фанови на скијањето и природата кои во континуитет бараат развој и инвестиции во центарот, па и пошироко за сите ски центри, треба да бидат свесни дека доколку се донесат снежни топови и ноќно скијање на Копанки, картата нема да биде смешни 300 денари туку најмалку 4 пати повеќе. Секако ако сакаме да имаме добро менаџирани ски центри, со соодветни приходи кои може да остават простор покрај за оддржување на ски центарот и за идни инвестиции во бараната инфраструктура, не може тоа да се прави со 300 денари карта и гратис протнување на лифт.

Слична е ситуацијата низ сите ски центри, каде сметаме дека цените на ски картите се прениски и не оставаат сериозен простор за акумулација на капитал и реинвестирање.

Потребен е баланс, возење “гага” за 300 денари на 2 лифта, каде во најдобри денови има до 500 скијачи и да очекувате услуга како да сте во Ст. Мориц, не оди!

16402856_sf freeride pelister cat skiing

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки