Следи го настанот
ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на Боговињско езеро и Бориславец, Шара 28 август 2016
Оние кои не ги држи место и имаат вишок енергија за трошење, додека другите уживаат во Шарските пејзажи, може да го искачат и врвот Бориславец, еден од најмоќните врвови на Шара. Се искачува директно над езерото по стрмна падина. Турата е тешка и бара 2 до 3 часови интензивно искачување (во зависност од темпото). Погледот од врвот е спектакуларен од каде се гледаат Црно езеро, врвот Рудока, Голем Турчин…
Од опрема задолжително да се понесат планинарски обувки, јакна/кабаница поради можност за променливо време и ветар, капа и крем за заштита од сонце, но и влечки за на плажа 🙂 По патот ќе се изведуваат кратки паузи. Вода има на многу места во селото и по патот.
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Ново село. Бројот на местата се ограничени. Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплатата е најкасно до четврток 26 август 2016. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 550 денари.
* * *
Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.
skimacedonia


