Искачување на Џинибег 2610мнв и Врв Трпезница 2590мнв

trapeznica shar planina

Следи го настанот

ДПС Трансверзалец – Скопје организира искачување на врвовите на Шар планина, Џинибег и Трпезница на 28.08.2016. Оваа акција беше закажана за 07.08.2016 но истата беше откажана поради лошите временски услови.

Планирана е следната маршрута на искачување: планинарски дом Смрека (1800 мнв) – движење по Вакфска патека – Извори на река Смрека- извори на река Пена – врв Џинибег (2610мнв) – врв Трпезница (2590мнв) и враќање назад.

Акцијата е долга околу 35 -40 км, се пешачи 10 -11 часа . Спаѓа во категорија Средно тешка. Технички патеката не е тешка но е долга и се искачуват два врва.

Поаѓање од паркингот на Железничка станица Скопје – Пошта во 6.00 часот
Цена 400 денари за превоз со комбе во два правца Скопје – Попова Шапка (Планинарски дом Смрека).

Сите учесници кои доаѓаат со возила(сопствен превоз) за организација и водство треба да уплатат 100 ден.

Пријавување и плаќање до сабота (27.08.2016).
За информации Верица 070/342 – 787
Уплати и подигање карти за акцијата може да направите во продавницата која се наоѓа пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.

Храната е од ранец. Учесниците да понесат вода, храна, облека и се што е потребно за еднодневна планинарска тура, соодветна планинарска облека за топло време но и за променливо врнежливо. Препорачливи се планинарски стапчиња и разгазени планинарски чевли пораи должината на патеката.

Учесниците задолжително треба да се водат спрема инструкциите на водачите. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Организаторот го задржува правото на измени во програмата во зависност со условите на теренот.

Напомена: Оваа акција не е за почетници и за поединци со слаба кондициона подготовка. Доколку има заинтересирани за рекреативна патека како опција ќе биде пешачење по патеката Вргањ и Јелак.Bogovinjsko i Borislavec, Shar planina (6)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки