INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – Демир Капија 2016

Спортскиот клуб Клисура заедно во соработка со Општина Демир Капија уште еднаш ве поканува на незаборавно дружење во природа на INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – DEMIR KAPIJA 2016. Фестивалот ќе се одржи од 13 до 15 Maj 2016. Место за Фестивалот се наоѓа во уникатната природна убавина во регионот на општина Демир Капија која што е идеална за сите спортови и рекреации кои што се одвиваат во природа. Целта на фестивалот е зацврстување дружењето помеѓу сите љубители на природата и спортот. Настанот е наменет за сите качувачи, алпинисти, велосипедисти, планинари, спелеолози и сите они кој што ја сакаат природата планините реките и шумите и добро дружење.

DK fest 16
Во текот на деновите на фестивалот сместувањето е во камп за шатори и во алпинистичките домови и останати хотели во Демир Капија. Исто така се обезбедени и места за презентација на вашите омилени активности, филмови и слајд шоуа ќе може да ги представите на неколку видео бимови во ресторанитe. Неофицијално ќе биде организиран и концерт и друга културно забавна програма. Исто така ќе функционира и спасителната служба. Поканата е отворена и за учество сите заинтересирани федерации и клубови исто така и спонзори и институции кои што сакаат да ги подржат и развиваат спортовите во природа во Република Македонија.

Програма за INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – DEMIR KAPIJA 2016

– Рок маратон и BigWall брзинското качување.
-Алпиниада со алпски маратон, мултипич маратон, техническо качување, качување за почетници.
– Историски крос 1,5 километри од “Железна порта” во центарот на Демир Капија.
– Рекреативна планинарска прошетка до местото на качувачките настани.
– Рекреативно возење велосипед низ околните села на Демир Капија.
– Забава во парк со логорски оган и дегустација на традиционални храна и вино од овој регион.
– Фото и видео презентации од спортските постигнувања
– Дружење во природа со логорски оган
– Отворен музеј на вино во Демир Капија за слободен влез и винарските визби
– И многу повеќе
(Програмскиот дел може да биде подложен на мали промени)

За учество на фестивалот учесниците мора да се регистрираат и да се потпише изјва на лична одговорност и компетентност во избраната форма на активност. Лица под 18 години треба да имаат дозвола од нивните родители.

Добродојдовте во најубавиот природен регион Демир Капија Република Македонија!

FB настан

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки