I Love hiking Последен ден од eсента – Титов Врв традиционално

Turno freeride Titov vrv Shar mountain (9)

Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата Шар Планина со врвот Титов Врв 2747 мнв. Целта на овој ивент е тест на издржливост.

Искачувањето започнува од пред планинарскиот дом Смрека на Попова Шапка на 20.12.2015 во 6.30 часот.
Искачувањето е преку Церипашина 2479 мнв потоа се оди на врвот Антени 2600 мнв -Карабунар 2650 мнв – Казањ 2601 мнв – Бакардан 2704 мнв – Титов Врв 2747 мнв
Турата е долга безмалку 24 км во двата правци.
Една од потешките, бидејќи и на пат наназад има искачување, не е само спуштање надолу.
Значи турата е тешка !

Цената на оваа авантура е 400 ден по човек во што е вклучено превоз до Попова Шапка и назад, медицинска нега, посебен третман(само за пријавените) и ако има над 30 платени до петок 18/12/2015 ќе има мало изнендување за нив.
Поаѓање од пред “Холидеј Ин” на калдрмата во 05:00 часот
Пријавување кај Алекс 070/ 382 751 и Дејан 071/ 212 808

Секој е добредојден кој има опрема за на планина и психофизичка подготвеност. Без разлика дали е член или не е член на некој планинарски клуб. Секој што ќе дојде без опрема ќе биде вратен во пд.Смрека на чајче.
Одиме сите заедно доколку има повеќе неспремни крајна цел на еден дел од групата ќе биде Бакардан и со нив ќе остане водич до самото враќање во пд.Смрека

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки