Бела АванТУРНА сезона 2014/2015

Записи од планината, Маја Мухиќ….
Блогот кој едноставно го нареков Духовната Кујна на Маја (MaYa’s Soul Kitchen) е дефинитивно она што во нашите тинејџерски денови го нарекувавме дневник. Големата разлика е во тоа, што тогаш веројатно (барем за оние кои воделе дневник) записите биле многу поредовни, или секојдневни, за разлика од ова што сега го правам… Чекам да ми се наталожат импресиите па да пишувам. Дали е така записот помоќен или не, не можам да бидам сигурна иако знам, голем дел од имрепсиите се сега само на фотографија и во мисла скоро невозможна да се изрази во зборови, но на крајот на краиштата, кога е всушност воопшто можно силните импресии да ги артикулирате во зборови?
Погледнав низ мојот блог, дека записите ми се спорадични и не сум впишала ништо од јануарските авантури, а толку многу работи се случија. Имавме сезона каква ретко сме имале. Снег скоро секогаш има во април па и мај, но толку континуирана полнотија од снежна покривка после нешто „потенок“ почеток во јануари и половината на февруари, одамна немало. Сезона во полн ек до 15 април, со сите ски лифтови оперативни на Попова Шапка, што и не е толку битно ако се земе предвид дека овој мини запис ќе се однесува на неколкуте (аван)Турни искуства што ги имавме во текот на сезоната.
На почеток на јануари, турно во потрага..
На почеток на јануари, турно во потрага..
Записот ќе го направам краток… Секој обид да доловам подетално се што се случуваше во тие турно скијачки/бордерски денови ќе резултира со најмалку еден том книга. Па затоа накусо.
Изодевме турно огромен дел од северната страна на Попова Шапка на повеќе пати. Отидовме турно по северо-источната страна на епско деликатната Кобилица и скијавме/бордавме по нејзиниот јужен грб во најголем занес, се до нивите и полињата и на крај до самото село Вејце. Изодевме турно и се спуштивме во најмистичните предели на Горна Лешница пресретнати од трагите на далеку по-префинетата од нас мечка, која со своите огромни шепи си направила траверс линија каква најстручен турно скијач не би ни замислил. Повеќе-пати одевме турно и до она што го нарекуваме Антени, врвот после таа Пулшар точка на Шарскиот масив наречена Церипашина. Имавме глетки кои забрзуваа пулс, одзимаа здив, зајдисонца кои беа на работ на солзата, снег кој прсакаше, но и варираше од пудрест во брашнест, од лебдеечко лесен, во неверојатно захтевен и комплексен.
На Кобилица бевме на 15ти Февруари кога се роди Бела, малата принцеза на Александар и Елена. Одењето турно нагоре беше комплексно, по замрзнат, брановиден терен од селото Веице, со прекрасни луѓе од кои го купивме најубавиот мед направен на 1400 м, и уште послаткиот компир кој дено-ноќно се печеше во рерната на Метахаус на Шапка. На Лешница бевме на 14ти февруари со пријателот Лука од Словенија кој ја најде можеби најубата линија сезонава. Возевме и до Шипковица со прекрасните пријатели од Словенија Урбан Новак и Моника Планиц по разигран терен, низ тесни шуми и преку потоци.
Со Мето и нашиот побратим по турно Тони Зен направивме неколку прекрасни тури До Антени и низ кулоарите на Казани. Снимивме и измонтиравме и мало видео за нас, Snowflake Guerilla. И така… Оставам да ве водат сликите и видеата, низ магијата на најинтимната форма на конверзација меѓу снежната планина и вас… фри рајдот…
на враќање од прекрасна тура на почеток на јануари
на враќање од прекрасна тура на почеток на јануари
maja muhic backcountry shar mountain (21)
снег во изобилие, но скриен во каналите

maja muhic backcountry shar mountain (6)

Горна Лешница
Горна Лешница

maja muhic backcountry shar mountain (18) maja muhic backcountry shar mountain (3)

maja muhic backcountry shar mountain (9)
Турно кон Лешница
Методи и Екалабија назад по патеката на сонот од Горна Лешница
Методи и Екалабија назад по патеката на сонот од Горна Лешница
Уште едно спуштање на север со пријателот од Словенија, Лука
Уште едно спуштање на север со пријателот од Словенија, Лука
maja muhic backcountry shar mountain (22)
Малце авантура и скок на северните падини
Вушшшш...
Вушшшш…
Со Мето и Михаела, наша драга фри рајд пријателка од Романија
Со Мето и Михаела, наша драга фри рајд пријателка од Романија
maja muhic backcountry shar mountain (13)
Почеток на турното кон Кобилица
Се збутавме во кола... Лука и Лука и јас и одиме Кобилицааааа
Се збутавме во кола… Лука и Лука и јас и одиме Кобилицааааа
Мето кон врвот на Кобилица
Мето кон врвот на Кобилица
Неописива убавина во спуштањето низ Кобилица
Неописива убавина во спуштањето низ Кобилица
На Врвот Кобилица, 2525мнв, 15 Феб, 2015.
На Врвот Кобилица, 2525мнв, 15 Феб, 2015
Со пријателите од Швајцарија, Џес и Мајк, погед кон недогед
Со пријателите од Швајцарија, Џес и Мајк, погед кон недогед
Со Тони Зен, Илина и Горјан за 2и Април
Со Тони Зен, Илина и Горјан за 2и Април
Медитација
Медитација
Линија
Линија

maja muhic backcountry shar mountain (19)

maja muhic backcountry shar mountain (23)
Априлски линии

Маја ни дозволи да го пренесеме овој божанствен запис од планината…

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки