Продукциските куќи SENDER + BIG UP, кој воедно стојат позади Reel Rock документарниот филмски серијал, се номинирани за две Webby награди за својот Yosemite проект кој беше реализиран заедно со Google Maps и тоа за најдобар кориснички интерфејс и најдобар визуелен дизајн. Проектот вклучува вертикално Street View патување по целата должина на Ел Капитан, како и 360° панорамски слики и видео со над 11 милиони прегледи. Њујорк Тајмс ги опишува Webby наградите како “највисоката чест на интернетот”, а за оваа награда ќе се борат во конкуренција со големите Ројтерс, Wired и Discovery Channel.
Во меѓувреме тие се длабоко навлезени и во подготовката на новиот REEL ROCK 11 серијал. Исто така, документарниот филм за епското искачување на Томи Колдвел и Кевин Џоргесон на Dawn Wall е во постпродукција, а во најава е и уште еден долгометражен документарен филм.
Воедно проверете го и MONT BLANC проектот, уште еден проект реализиран заедно со Google Maps.