Следи го настанот
Еднодневна отворена тура на планината Человица со врвот првенец Добра Вода 2062мнв.
Турата е дел од проектот #УживајВоМакедонија во која ќе имаме мала серија на нови некомерцијални тури за сите видови на планинари: од почетници до поискусни планинари. Љубители на планината кои знаат да уживаат, сакаат здрави навики, сакаат добро друштво и ја почитуваат нашата и само наша Македонија.
Инцијатор и помагач на проектот е #AllgaSan.
Сите овие тури се “One TIme” -(само еднаш)
Оваа тура е погодна за сите оние кои беа на ивентите Матка-Водно и Лето Иде Vol.2
На сите високи планини над 2000 м има малку снег и многу кал, така што оваа планина е одбрана за периодов бидејќи е без снег и кал.
Планината Человица е најмалата планина во Македонија која има двеилјадарник за врв. Широка е 20 км а долга е 27 км. Се наоѓа помеѓу Гостивар и Кичево во централниот дел на државава. Шумата е богата со костени, даб, бука … По трасата на високиот напон изобилува со малини и јагоди. Се граничи со планините Песјак, Сува Гора , Караџица, Даутица. и, се карактеризира со посебен поглед како и добар поглед кон врвот Солунска Глава. Неистражената планина е добра за планински велосипедизам поради рамните била, доволно патишта и населеноста на планината.
Прогарама:
Поаѓање oд Пошта 2 на Железничка станица- Скопје во 06:00 часот. Пристигнување во с.Папрадиште – кичевско.
Селото е на 1155 мнв. Од тука до врвот Добра Вода 2062 мнв. имаме висинска разлика од 907 мнв. ( Едно Водно и 10 мин плус ) На врвот имаме активности : сончање, медитирање, дружење со “газоза”, поминување уште некој километар по самото било, правилно берење на јаглика и сл. Симнување во селото, барање на локална продавница и мало задржување.
Пристигнувањето во Скопје е најдоцна 19:00- 20:00 часот.
Пријавување, плаќање и информации кај :
Алекс (070-382 751)
Дејан ( 071-212 808)
Цена : 499 ден за деца под 15 год 30% попуст. Место има додека не се пополни бројот.
Исхраната е од ранец. Вода 2 литри
Опрема:
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ – Крема за сонце и очила за сонце
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
skimacedonia