Фотографска, рекреативна традиционална тура низ АЗОТ, Богомила Капиново Нежилово Папрадиште!

Планинарскиот дом Папрадиште (ЕГ Грин Пауер) со своите пријатели организираат еднодневно/ дводневно рекреативно дружење на 16 и 17 април (сабота и недела) од Богомила до Папрадиште преку Капиново. Ова е една од визуелно најубавите патеки и предел кој озвозможува од друг агол да ги погледнеме Солунска Глава, Папрадиште, Чеплес, Нежилово, Капиново, Црешнево, Бистрица, Теово и Богомила.
ВАЖНИ ДЕТАЛИ : Собирање на групата и тргнување е во сабота(16 април) од железничка станица Богомила во 9 часот предпладне. Во 10.15 часот прва пауза над село Капиново, а околу 12 часот пауза за чај/кафе/појадок во Нежилово. Пристигнување во планинарскиот дом во Папрадиште најдоцна околу 15 часот.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :Патеката е средно лесна, вкупната должина е околу 15 км и пет до шест часови лесно и слободно одење. Почетна надморска височина 500 метри(Богомила), највисока точка „Капиновски преслап„ од 1.100 метри, Нежилово на 700 метри и крајна дестинација Папрадиште на 1000 м.н.в. За сите ПРИЈАВЕНИ учесници обезбедено е ноќевање во планинарскиот дом во Папрадиште со ручек(вечера),+појадок + аперитив + целовечерен концерт во живо(армоника и гитара) за цена од 350 денари. Во недела предпладне за сите заинтересирани гости нудиме уште една кратка тура од Папрадиште до Куртовица(2 часови) .
Учесниците кои имаат потреба истиот ден(сабота) да се вратат, возот кон Велес и Скопје тргнува од Богомила во 20.00 часот, а возот кон Прилеп и Битола тргнува во 22.11 мин од Богомила. Пријавување на тел. 076 965 000(Ристе) и О75 361 877(Игор)
Поради ограничените сместувачки капацитети, Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до четврток (14 април) 2016 година.
P.S. Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност, треба да има минимум добра физичка подготвеност за пешачење по ридско-планински терен, да ги почитува правилата за движење во група и да ги следи инструкциите на водичите. Задолжително носење на високи обувки, вода и храна. Реонот на кој се наоѓа патеката е исклучително богат со поточиња, извори и пружа неверојатна и грандиозна глетка кон сите четири страни на АЗОТ.
НАПОМЕНА : Во зависност од временските услови и од лична проценка на водичите и организаторот, термините и активностите во настанот може по потреба да бидат променети.

03 pogled solunska glava

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки