Веќе и се приближуваме на новата сезона 2018-2019 година, како и на периодот кој е добар да се обезбеди опрема по атрактивна цена пред сезона. Текстот е реобјава од почетокот на 2018, обновен но како што и тогаш наведовме ова се модели кои ќе бидат актуелни и следните сезона-две.
Во изборот и селекцијата одевме пред се на идеална комбинација фрирајд / турно ски чизма во која при одлука доминира тежината и можноста на чизмата да биде за што повеќе терени. Сепак ретко кој од нас има по 2-3 или 5 пара ски чизми кои би ги менувале во зависност од потребите и турата која ја правиме, па веројатно сите одиме на варијантата да се изнајде идеалниот модел, тежина. Сите ски чизми подоле се врвни модели кои скоро и да не надминуваат 1500 грами по чизма. Зависно од вашите потреби и начинот на кој преферирате да скијате ова е нашиот избор на модели кои би биле актуелни и во следните неколку години. Поголем дел од моделите се повеќе од добри за безбедно да нагазите на било каков терен под полна гас, во рамките на ски центрите или надвор од нив.
Salomon S/Lab X-Alp, 1190 g.
Salomon моделот е S/lAB e блиска еволутивна модификација на Arc’teryx Procline каде најголема и најважна разлика е цврстината на S/Lab и е малку пофрирајд ориентирана, подобра за возење поголеми скии.
Atomic Backland, 1110 g.
FISCHER TRAVERS CARBON BOOT, 980 g.
Една од најлесните чизми на пазарот воопшто, тука друштво по тежина и прават Dynafit Tlt7 и Scarpa Alien RS
Во делот на поцврсти и фрирајд ориентирани туринг чизми за внимание ги издвојуваме…
Salomon S/LAB MTN, 1552 g.
Fischer Ranger Free 130, 1540 g. , 2019
Dynafit BEAST BOOT MEN FT1, 1460 g.
Scarpa MAESTRALE RS, 1428 g.
SCOTT SUPERGUIDE CARBON GTX SKI BOOT, 1415 g. 125 flex индекс
Atomic Hawx Ultra XTD 130, 1400 g. – со овој модел Atomic засега можеби го постигнува врвот во обидот да се направи перфектна комбинација од лесна чизма добра за туринг и голема цврстина за фрирајд и скијање под полна гас. Најблизок конкурент е најновиот модел кој беше лансиран на почетокот на 2018та од страна на Fischer (Fischer Ranger Free 130 го има погоре).
skimacedonia












