На нас добро познатиот произведувач на зимска ски опрема, Елан од Словенија се наоѓа пред стечај. Европската комисија побарала од Словенија да покрене стечајна постапка за компанијата од Бегуње Горењскем, а причината е реализација на долгови од десетина милиони евра.
Државата морала да го наплати долгот уште минатата година, тоа не се реализирало па се проценува дека стечај за брендот Елан е единствена опција. Словенија т.е државата има удел во петнаесетина претпријатија меѓу кои е и Елан.
Приватизацијата на Елан е во застој, а медиумите оценуваат дека Брисел тренира строгост која не ја применува кон други влијателни членови на ЕУ. Се шпекулира дека оваа одлука на Европската комисија е исфорсирана под влијание на автриско-швајцарската компанија Cameva која претходно била заинтересирана да го купи Елан.
skimacedonia
