ПРВ ПОВЕЌЕДНЕВЕН ЕКОЛОШКО-ЕДУКАТИВЕН И ЗАБАВЕН ФЕСТИВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА
Тридневниот фестивал ECO GREEN FESTIVAL MAVROVO ќе се одржи од 11,12 и 13-ти Јули на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово.
Програмата на фестивалот е разновидна, од егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing.
Фестивалот ќе понуди презентација на традиционално приготвенити мавровски производи, штандови за оригинални локални ракотворби, сувенири и домашни производи, изложби на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион, а фестивалската дебата ќе ја отвори темата – “Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите”. Во детската програма ќе ги видиме најмладите диџеи во Македонија со настапи на детска музика, како и натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед.
Детален опис на активностите со детална Програма на Фестивалот
Петок, 11.07.2014.
Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај
13.00 Прес Кoнференција
14.00-16.00 Пристигнување на учесниците.
13.00-18.00 Поставување камп на местото познато како “Камп” за учесниците кои сакаат да бидат сместени во шатори.
16.00-18.00 Запознавање со содржините, презентации на програмата, отворање на штандовите за ракотворби, сувенири домашни производи. Локација с. Маврово игралиште
18.00-21.00 Концерт на локални бендови, музичари и културно уметнички друштва од Маврово и Ростуше.
20.00 Изложба на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион
21.00-02.00 Концерт на мегапопуларните бендови,БАЈАГА, АРЕА и PLAN G.
Сабота, 12.07.2014.
Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај
07.00 Заминување на планинарска тура Маврово – Меденица – Маврово, турата трае 6 часа (само за физички подготвените)
09.00-11.00 Презентација и пробно возење на “Mountain bike” слалом возење. Локација, долен дел на ски патеката под жичарниците
10.00-12.00 Презентација на изработка на вештачки мамки (мушици) и техники на мушичарење (Fly Fishing). Локација, Мавровско Eзеро под игралиштето во с. Маврово
11.00-12.00 Презентација на планинарска опрема
12.00-14.00 Натпревар во прецизно слетување на параглајдеристи, падобрански скокови. Локација, игралиште с. Маврово
12.00-14.00 Натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед
15.00-17.00 Музички настапи на зурли и тапани, гајдаџии и кавалџии. Локација, игралиште с. Маврово
16.00-19.00 Натпревар во лов на ситна риба на пливка. Локација, Мавровско Eзеро кај потопената црква
17.00-19.30 Диџеи, настапи на детска музика
19.00-20.00 Прогласување на победниците од сите активности со натпреварувачки карактер
19.30-20.00 Презентација на развојните перспективи на Општина Маврово Ростуше
21.00-00.30 DJ set на локални Dj-и од Антена 5.
00.30-04.00 DJ SET на Gramophondjije, настап на BAD COPY и GOCE SAF.
Недела, 13.07.2014.
08.00 Чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет
08.00-12.00 Планинарска тура Мврворо-Сандакташ-Маврово, Кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското Езеро, јавање на коњи, чистење на брегот на Мавровското езеро.
10.00-11.00 Презентација на проекти на цивилното општество за развојот на Мавровско Реканскиот регион и презентација на развојните програми на Oпштината
11.00-13.00 Дебата на тема – Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите
14.00-16.00 Приготвување и дегустација на рибја чорба и планински грав
16.00-17.00 Обраќања до гостите и учесниците со желба за вклучување нивни идеи за следното издание на фестивалот.
ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ГИ 11,12 и 13-ТИ ЈУЛИ НА ВАШИОТ КАЛЕНДАР И СЕ ГЛЕДАМЕ ВО МАВРОВО ! 🙂
skimacedonia
