Discover Krushevo/Откриј го Крушево е целодневен настан кој на 27ми јули ќе ги прикаже трите најубави страни на Крушево: природата, културата и авантурата.
Посетете го Крушево и откриј те ги сите задоволства кои ги нуди градот, од настап на Суперхикс и Љубојна на Мечкин Камен, до тури со коњ, летови со тандем параглaј…дер и крушевска скара.
Купете тикет и добијте можност да летате со тандем параглајдер од најдоброто место за параглајдинг на Балаканот – Мечкин Камен – Крушево. Тикетите се продаваат во сите продажните места на Купи карти за се и на www.kupikartizase.com/Events/otkrijte_go_krusevo
Целиот награден фонд го сочинуваат: 20 летови со тандем параглaјдер, 5 викенди за 2 лица во хотел Монтана, 4 вечери за две 2 во ресторан Шапе и 4 вечери за 2 лица во пицерија Скар.
Дојдете на извлекувањето во Крушево во недела на 27-ми јули и на 1350 метри надморска висина почувствувајте го недопрениот духот на највисокиот град на Балканот.
Подолу можете да прочитата повеќе за случувањата кои се дел од програмата на Откриј го Крушево.
_________________________________________________
Незаборавна двочасовна журка за сите генерации со настап на Суперхикс и Љубојна. Суперхикс со своите хитови создавани во текот на 20 години работа, а Љубојна со својот епски проект, Ljubojna Brass Fantasy. Слушнете повеќе од 20 музичари на сцената на Мечкин Камен. Во духот на македонската традиција, за време на журката уживајте во крушевска скара и ладно пиво.
_________________________________________________
Летајте со параглајдер од Мечкин Камен! Крушево е едно од неколкуте места со идеална геоморфологија и клима за летање со параглајдер на целиот Балкански полуостров. На овој ден, сите гости ќе имаат можност да летаат тандем со професионални параглајдеристи од Македонија. Наградната игра ќе овозможи 20 бесплатни летања за оние најсреќните кои ќе купат тикет и на 27 јули ќе дојдат во Крушево. Ако сè уште немате купено тикет за наградната игра, тоа можете да го направите на сите продажни места на Купи карти за сè, преку веб страната www.kupikartizase.com и на Мечкин Камен во Крушево на денот на
настанот.
_________________________________________________
Дојдете на тура за разгледување на Крушево со жичара и коњ. Несекојдневна можност да се почувствува и види недопрената природа и долгата историја на Крушево со жичара и коњ. Од жичарата во центарот на градот, со купување на повратен билет кој промотивно на овој ден ќе чини само 50 денари, качете се до врвот на ритчето и оттука со водич и коњ одете до бачилата над градот. Таму, освежете со ладен пијалак, крушевски бакрданик со маштеница или толчени пиперки, дишете чист планински воздух и уживајте во пријатните сончеви зраци.
Прошетката завршете ја враќајќи се со жичарата до центарот на градот, или испешачете до плоштадот Никола Мартиноски, попатно уживајќи во Крушевското езеро, панорамата на Пелагонија и тристагодишната крушевска корија. На патот кон центарот на градот, посетете ја Спомен-куќата на Тоше Проески, леарницата на оружје или Музејот на Илинден.
На овој ден ќе имате ексклузивна можност да го прошетате Крушево со двоколка – чеза како што тоа го правеле достоинствениците во минатите векови. Од центарот на градот качете се на двоколката и видете ги најважните места на историското Крушево.
_________________________________________________
Пешачете или возете велосипед по една од четирите новообележани патеки до Мечкин Камен, Св. Спас, меморијалниот крст и ски лифтот. Патеките покриваат повеќе од 40 километри низ недопрената природа на Крушево и се за секаков вид спортисти – рекреативци и професионалци. Ако немате сопствен, изнајмете велосипед во хотелот Монтана и поминете незаборавни мигови во природата околу градот.
_________________________________________________
Во центарот на градот пробајте автентична здрава храна од поднебјето на Крушево. Насладете се или купете подарок – мед, слатко од крушевски малини, слатко од крушевски капини, целуфки или локум. Изработени од вредните раце на мајсторите на занаетот, целуфките, локумот, медот и слаткото, ќе ви посакаат топло добредојде на крушевски начин. Целуфките и локумот носат во себе традиција подолга од еден век и се подготвени според рецептите на татковците и дедовците на крушевските мајстори.
_________________________________________________
Гледајте како се игра крушевско комитско оро на плоштадот Никола Мартиноски. Комитското оро потекнува од овие надалеку познати револуционерни краишта. Неговата кореографија и симболика се произлезени од македонската историја и од нашата вечна борба за слобода. Гордоста и патриотизмот на комитите се главните мотиви кои во себе ги носи ова оро и кое има за задача да ги зачува и пренесе на идните генерации.
_________________________________________________
Погледнете ја збирката на оружје од XVIII-XX век во музеј-леарницата која била тајна фабрика за куршуми на востаниците од Илинден. Колекцијата на оружје има и рачно и фабрички произведени револвери и 54 пушки, јатагани кои припаѓале на турските воени чиновници изработени од дрво, метал и слонова коска, потоа војнички штит, војнички бајонет и војнички ножеви-ками. Во леарницата се наоѓа и личното оружје на Претседателот на Крушевската Република – Никола Карев.
_________________________________________________
Запознајте традиционален бочвар и слушнете ги приказните за неговата работа. Бочварот Миле е еден и единствен во Крушево и пошироко. Секој љубопитен гостин ексклузивно ќе можe да види и слушнe како се прават буриња, каци и бочви од дрво на традиционален начин кој подразбира уникатни алати и процедури.
_________________________________________________
Ако сè уште не сте ја виделе Спомен куќата на Тоше, објект кој освои светска награда за дизајн и архитектура, ова е вашата шанса. Во куќата автентично се претставени ликот и делото на Тоше, а мноштвото детали од неговиот секојдневен живот ќе ја доближат оваа балканска ѕвезда уште повеќе до вашите срца.
Во надалеку познатиот амбиент на Куќата на Минѕе посведочете го начинот на кој се прави вкусната крушевска пита и крушевските амајлии и вкусете ги овие традиционални јадења на градот подготвени од вештите раце на крушевските домаќинки. Присуствувајте на презентација на рачно везење и видете ги везовите, ткаенините и облеката со која крушевските жени го восхитија светот. Ќе имате ексклузивна можност да ги видите рачно изработените модели кои се дел од приватната колекција на Сандра Булок или биле дел од понудата на модната куќа Версаче.
_________________________________________________
Крушевски чомлек во сите угостителски објекти низ градот. Чомлекот е традиционално јадење направено од месо, кромид, по некоја мирудија и многу мајсторија и љубов. Дојдете во Крушево и пробајте од овој специјалитет кој бил меѓу омилените јадења на Крушевските востаници.
skimacedonia