Полетилиштето за параглајдинг во Крушево пуштено во употреба

Инвестицијата е проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, а се реализира во соработка со Општина Крушево, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Воздухопловната федерација на Република Македонија и искусни параглајдеристи од земјата.

Полетилиштето именувано „Мечкин Камен – Исток” се наоѓа во близина на локалитетот Мечкин Камен.

На настанот Златко Спиркоски, инструктор по параглајдинг, ќе ја претстави новопоставената опрема на полетилиштето и ќе ја демонстрира нејзината употреба.Krusevo (9)Пред присутните ќе се обрата Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски и претставник од Воздухопловната федерација на РМ.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси оваа година ќе опреми четири полетилишта и слетишта за параглајдинг во Македонија.

Параглајдингот е популарен кај странските спортисти и кај туристите, кои ги користат услугите на локалните клубови за параглајдинг. Се очекува новата опрема да ги направи овие терени попривлечни за странските и домашните посетители со што ќе ја помогне локалната економија.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки