Дин Потер и Греам Хант загинаа при вингсјут летање во Долината Јосемити. Нивниот скок се случил многу близу до точката Тафт на јужниот раб на Долината Јосемити и загинале кога се удриле со камениот ѕид. Нивните падобрани не биле отворени . Потер и Греам го направија летот во вечерните часови од сабота на 16 мај, а биле пријавени за исчезнати таа ноќ, но трагачите не можела да ги лоцираат нивните тела до следното утро.
Потер, 43, беше една од најиновативните, енергични и контроверзни личности во модерното качување. Тој скрши бариерите во брзинско и соло искачување, вклучувајќи постојано поставување брзински рекорди за искачување на Носот на Ел Капитан. Во 2001 година тој и тими О’Нил станаа првите качувачи кои ги поврзаа трите најголеми ѕидови на Јосемити, Халф Дом, Маунт Ваткинс и Ел капитан во еден ден. Исто така брзински ги солирше халф Дом и Ел Капитан во еден ден. Во Патагонија, меѓу други смели качувања, тој слободно го солираше Суперканалета на Фиц Рој, а подоцна го направи првото соло искачување на Калифорнија рулет, исто така на Фиц Рој. Додека живееше во Јута, тој го направи првото искачување на 5,13 пукнатината во пустината.
Потер исто така стана познат по висински слеклајн и бејсџамп скокови и ги комбинираше овие вештини со качување, инвенција која ја нарече ФриБЕЈС, каде носеше падобран за заштита во случај на пад при соло искачувањето. Користејќи ја оваа техника тој слободно ја качи 5.12+ рутата Дип Блу Си, на варовничкиот столб на северната страна на Ајгер.
Потер постојано живееше на работ и беше личност поголема од животот, човек кој едноставно се опишува со денес премногу користениот термин ” врвен екстремен спортист”. Греам Хант беше негов долгогодишен партнер во летањето и комплетен алпинист. Имаше само 29 години.
skimacedonia
