Ски центар Маврово, амбиент 28.02.2018 Висината на снежната покривка низ населбата околу езерото изнесува од 80 см, над 120 см на терените на Бистра, Галички и Беличи лифт.
повеќе »skimacedonia
Ски центарот Копанки утре 2 часа ќе биде надвор од функција
На ден 01.03. 2018 година, ски центарот Копанки поради прекини на електричната мрежа, нема да работи во периодот од 10:30 до 12:30 часот. Од тие причини дневната карта за утре ќе биде по цена од 200 денари. На патеките во центарот има над 50 см снег, а условите се повеќе од идеални.
повеќе »За настаните на Шар планина од 10 и 11.02.2018 за Калина, Александар и катастрофата на Кајмакчалан
За настаните на Шар планина од 10 и 11.02.2018год, за Калина и Александар и катастрофата на Кајмакчалан Извештај на Планинска спасителна служба (ПСС) во врска со настаните од 10 и 11.02 2018 год. Како што јавноста беше претходно запознаена преку медиумите за време на викендот 10.-11.02.2018г. во регионот за Шар планина беа спроведени две акции/потраги за спасување на загубени/исчезнати лица. …
повеќе »Како помина Аматерски Хуманитарен велеслалом 2018
Трето место за Мирко Лазаревски на ФИС натпревар на Бјеласница
Мирко Лазаревски, членот на ски клубот Меденица, како и член на детската репрезентација до 16 години, учествуваше на меѓународниот фис натпревар “Деца за мир во светот” кој се одржа на Бјеласница и постигна трето место во трките од велеслалом и слалом. Својата добра форма Лазаревски ја потврди и на фис трката во Мокра Гора, каде исто така ја освои бронзата …
повеќе »ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ – Треба ли да има либерализација при организирање на спортско-планинарски тури?!
ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ е јасен, и во својот Член 6 јасно стои или можеби не?! “Член 6 Спортски и синдикални здруженија, културно – уметнички здруженија и друштва, здравствени, социјални и образовни установи и хуманитарни и верски организации можат да организираат туристички патувања за своите членови и членовите на нивното потесно семејство само преку туристички агенции. Лицата од ставот …
повеќе »Фрирајд патрола со Scardus cat-ski операторот
Од оваа сезона на Попова Шапка ќе функционира уште еден cat-ski оператор. Понудата и изборот ќе се зголеми во корист на скијачите и бордерите, кои бараат авантуристички понуди и дестинации. Новата авантуристичка понуда е под капата на Scardus Hotel & Spa, во блиска координација со засебна специјализирана единица, Shar Outdoors. Шар Планина е сериозна конкурентна дестинација за авантуристичкиот туризам посебно …
повеќе »Натрпевари Сноуборд и фристајл скијање – Маврово
Ски центар Маврово, 1 – 4 март 2018, ФИС меѓународни натпревари, сноубординг и фристајл скијање Во организација на Скијачката федерација на Македонија и сноуборд клубот Полар од Скопје, во периодот 1-4 март 2018 година, се организираат ФИС меѓународни натпревари во сноубординг и фристајл скијање за сениори и деца во дисциплините: Slope Style, Big Air и Велеслалом. Се очекува над 50 …
повеќе »Ски центарот Маврово и Маврови Анови без струја
Делови од ски центарот како и населбата околу Маврови Анови се уште се без електрична енергија. Прекините во електричното напојување е редовна појава при лоши временски услови и снежни врнежи.
повеќе »Владата размислува за потребата од жичница Козле – Средно Водно, нека почне да мисли и за тетовската
Владата повторно ќе размисли во координација Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и градот Скопје дали да ја догради жичарница од Козле до Средно Водно. Еве ние одма да напишеме и кажеме, ич да не му ја мисли. Зар треба да се мисли, дали треба да се доградува или не, сегашниот половичен проект, кој ги тера жителите …
повеќе »
skimacedonia