АЛШАР 2016 – Допри го сонцето

13412012_alshar mtb 2016

Следи го АлШар 2016 11 и 12 јуни, собирна точка, селото Мрежичко.

Програма:

  • Голем МТБ тура 52 км – мапа
  • Мала МТБ тура 28 км – мапа
  • Рекреативно планинарење на релации од 6 и 15 километри
  • Кампување и забавни активности

На 11 јуни од 14 часот ќе биде организирано ревијално мото-крос возење на големата тура „АлШар 2016“, а на 12. јуни од 10 часот е предвиден стартот на велосипедските и планинарските тури.

biletЗдружението „Тиквешки точкаџии„ ги пушти во продажба и стартните пакети за големиот фестивал „АлШар 2016“, кои се по цена од 500 денари за регистрација. Во Скопје, карти може да набавите во Пробајк.

СТАРТ ПАКЕТОТ чини 500,00 мкд и сорджи: Маичка со Логотип од настанот АлШар 2016, алка за учесник, Карта со нумерација и талон за Ручек и Наградно Извлекување, производи од Витаминка, Алкалоид, Гранд кафе, Неограничени количини на Вода и безалкохолни пијалоци од Програмата на КОЖУФЧАНКА – СИНАЛКО во тек на целиот ден Недела 12 Јуни 2016 г., на Старт и на неколку Пит-Стоп места за одмор по должините на сите тури, од 15 ч (враќање од турите) организиран Ручек – војнички грав готвен на лице место, Плескавица на скара, вода и безалкохолни пијалоци и изненадување НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО во неограничени количини, како и учество во наградно извлекување (со талонот од картата кој го предавате при подигање на ручекот) каде наградите се претежно од спортски карактер со Главна Награда МТБ Велосипед со силни компоненти и голема вредност … Дојдете, уживајте, дружете се … П.С. Има и други изненадувања …

Сместување

Доколку се интересирате за престој, има организиран камп за шатори каде слободно може да се сместите или пак Со приложена Карта од СТАРТ ПАКЕТОТ добивате попуст од 20% во неколку сместувачки капацитети:

Мотел Ресторан МОКЛИШТЕ – 072223289 и 071219896

Одморалиште Михајлово www.mihajlovo,com Блаже 072243540

Вила БЕЛА Моклиште http://villabella-mk.com/index.php/mk/za-villa-bella

Контакт лица од организација: Живко ГУРЕВ 070485111, Лазар Трајков 071239182, Бојан Маринковиќ 078689290, Иван Боев 070218290, Ласко Јованов 071218772, Драги Јованов 070911912

025_alshar mtb 2016 055_alshar mtb 2016 1221433_alshar 2016 13310433_alshar 2016 13336025_alshar mtb 2016 13393903_alshar 2016 1310001433_alshar 2016 1331011433_alshar 2016

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки