Следи го настанот
I Love Hiking Во соработка Allga San ве водиме на една малку поинаква тура. Стогово со врвот првенец Биг Дорок 2268 мнв.
Поинаква зашто? Затоа што самата планина е неистражена, нема утабани патеки, нема маркации, целосно сте со мајката природа.
Поинаква затоа што имаме лотарија со 20-тина награди , кои со влечење ќе ги доделиме, имаме обучен масажер кој со природните препарати на Allga San ќе нуди бесплатна масажа.
На крајот на турата ќе се закрепиме со планинарско гравче – салатиче и лепче во ресторанот Маргуле ( Топила ) во с.Гари.
Турата започнува од селото Гари кое е на 1145 м.н.в. Поминуваме низ прекрасна стара букова шума над левиот брег на Гарска река и се доаѓа до единственото место каде може да се наполни питка вода на целата тура. ( 45 мин од с.Гари )
Од излезот до врвот Биг Дорук се оди по младобранен и карпест предел – каде се гледаат остатоци од глечерите, за кои зборуваат циркусите на врвовите Биг Дорук, Бабин Срт и Канеш како и трите глечерски езера.
Турата е кружна со појдовна и крајна точка село Гари.
Висинската разлика е 1141 метрар – со должина од 21 км и се оди 7-8 часа во 2-та правци.
Потполно исто како на Титов Врв по Вакавската патека. За оние што беа на Титов Врв – ова ќе ви биде иста тура.
Сите што сакаат да пробаат високи планини со неверојатни пејсажи, еве им прилика.
Завршувањето е со планинарско гравче обезбедено од нас.
Поаѓањето е во 06;00 часот кај Пошта 2 на Железничка станица на 12 Јуни (недела), враќањето е предвидено да биде 21;00 часот.
Цената на целиот аранжман е 500 ден.
Сите што сакаат да дојдат со коли ќе мора да платат акотизација за организација и грижа по 100 ден од човек.
Пријавување и плаќање до 11-Јуни 15;00 часот или до пополнување на сите места. Кај:
Алекс 070/ 382 751
Владимир/Хари 077/ 743 599
Дејан 071/ 212 808
Попатно собирање имаме кај хотел Карпош, City Mall и кружниот тек во Ѓорче Петров.
П.С. Сите што мислат да си ги земат своите миленичиња нека не го прават тоа затоа што има многу бачила по патот по кој ќе се движиме.
П.С.П.С Цените во ресторанот се уште се дискутираат …..
ОПРЕМА: ПЛАНИНАРСКИ ЧЕВЛИ (задолжително) опција- планинарски стапчиња, очила за сонце, марами – капи , креми за сончање.
ИСХРАНА: од ранец, вода 2 литра.
Напомена:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
skimacedonia