ДПС Трансверзалец – Скопје организира искачување на врвовите на Шар планина, Џинибег и Трпезница на 30.08.2015 (Недела)
Планирана е следната маршрута на искачување: планинарски дом Смрека (1800 мнв) – движење по Вакфска патека – Извори на река Смрека- извори на река Пена – Џинибег (2610мнв) – Трпезница (2590мнв).
Искачувањето во едне правец е приближно 11 км, совладување на висинска разлика е 800 мнв. Турата во еден правец се пешачи 5 часа а за враќање се потребни 4 часа.
Поаѓање од паркингот на Железничка станица Скопје – Пошта во 6.00 часот, Цена 400 денари за превоз во два правца Скопје-Попова Шапка (Планинарски дом Смрека). Пријавување и плаќање до петок (28.08.2015) до 20.00
часот .
Задолжително носење на разгазени планинарски обувки, кабаница, соодветна планинарска облека за топло време но и за променливо врнежливо. Храната е од ранец.
Потребна соодветна психофизичка спремност на учесниците.
Контакт: 070/342-787 – Верче, Зоран 070/641-998
Планинарскиот дом Смрека ќе биде отворен од 28 до 30 Август 2015, доколку има заинтересирани за повеќедневен престој со спиење може да се најават на горенаведените телефони.
skimacedonia
