Голем Кораб преку Длабока река со ПД Трансверзалец

Mal Korab

На 05 и 06 септември 2015, ДПС Трансверзалец – Скопје организира искачување на Мал и Голем Кораб преку водопадот Длабока река.

Планинарска патека започнува од с. Рибница на 05.09.2015 и оди преку Попова Ливада и превојот Пралуга се до Длабока река. Предвидено е ноќевање во шатори во близина на Длабока река. На 06.09.2015 е предвидено искачување на Мал Кораб а потоа приклучување на групите кои ќе го искачуваат Голем Кораб. Враќањето е од Голем Кораб до караула Победа Стрезимир.

• Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада – превој Пралуга- Длабока река – Мал Кораб 2683 мнв –Голем Кораб 2764 мнв – караула Победа 1440 мнв
• Висинска разлика: совладување на надморска височина од 2800 м
• Должина на патека: 32 км
• Времетраење: дводневна акција
• Цена: 1000 ден
• Поаѓање: на 05.09.2015 во 7.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
• Пријавување : најкасно до 03.09.2015

Потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Храна од ранец треба да се обезбеди за два дена.

Контакт: Верче 070/342-787, Зоран 070/641-998

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки