Од анкета која ја спроведовме, а во која учестуваа 1609 гласачи на прашањето “Кој е вашиот омилен ски центар (рекреативна зона) во Македонија”, Попова Шапка го држи убедливо водството со 43%, 690 од гласовите, пред ски центарот Маврово 27%, 429 гласови и Копанки на Пелистер со 10 %, 153 гласови.
Понатаму на листата се преостанатие ски центри (рекреативни зони) кои ги предводи Кожуф со 9% и Галичица 5% , па следуваат Водно како рекреативна зона пред центрите во Крушево и Пониква.
И покрај бројните критики кон различни страни и фактори на Попова Шапка и речиси непроменетата понуда со години наназад, Шара е лидер во зоната на интересот кај скијачите. Тоа е доказ плус дека инвестициите во инфраструктурата и туристичките услуги не треба да изостануваат или со години да се одовлекуваат.
Маврово пак како втор најголем ски центар е единствен кој минатата сезона активно ја анимираше публиката и преку низа забави, концерти, натпревари и наградни игри ги привлекуваа скијачите и останатите зимски туристи.
На Пелистер, иницијативата главно ја превземаат приватни клубови и ентузијасти кои во голема мера придонесуваат, ски центрите Копанки и Стрежево како и Пелистер во целост да бидат се по приметливи на ски мапата како дестинација за алтернативно скијање и фрирајд.
Детален преглед на резултатите
Кој е вашиот омилен ски центар (рекреативна зона) во Македонија?
- Попова Шапка (43%, 690 Votes)
- Маврово – Заре Лазаревски (27%, 429 Votes)
- Пелистер – Копанки (10%, 153 Votes)
- Кожуф (9%, 143 Votes)
- Галичица (5%, 75 Votes)
- Водно (3%, 46 Votes)
- Крушево – Станич (3%, 41 Votes)
- СРЦ Пониква (2%, 32 Votes)
Вкупно гласале: 1.609
skimacedonia






