Нижо Поле ќе добие зголемени ски капацитети

По иницијатива на Директорот на Јавното претпријaтие Стрежево, Марјан Ѓероски во соработка со ПоинтПро Консалтинг  изработена е физибилити студија која има за цел  изнаоѓање на оптималното решение за проширување на постојните ски капацитети на СЦ Нижо Поле Стрежево на Пелистер со цел да се создаде зимско – летен рекреативен центар, кој ќе понуди содржини преку целата година.

“Со оваа студија во првата фаза е предвидено проширување на ски комплексот во зоната за оддржлив развој на НП Пелистер кој го опфаќа појасот околу врвот Муса.Во втората фаза скијачкиот комплекс ќе се прошири до месноста Орлови Бари и кон Преспа, но тоа ќе се прави подоцна заради тоа што локалитетот сега е во опфатот на строго заштитена зона”изјави Марјан Ѓероски директор на ЈП Стрежево.

Со реализација на првата фаза ќе се задоволат потребите на 3000-4000 илјади скијачи од Пелагонискиот регион и југо-западниот дел на Македoнија притоа скијачите ќе имаат можност да скијаат на одлични стази и во најповолни услови. Според податоците добиени со истражувањата, кофигурацијата на теренот нуди огромен потенцијал, а се разгледувани три локалитети за компарација Чука, Скрково и Муса.

10 Ski-pateki Strezevo vrv Musa Pelister

Најидеални услови во однос на опстојувањето на снегот, ориентацијата на теренот север југ и потребите на скијачите, располага планинскиот предел со врвот Муса 2351м и Скрково 2140м. Падините околу врвот Муса нудат супериорни услови во споредба со останатите две алтернативи (Скрково и Чука) во однос на:

  • Најголема висина на почетната и крајната станица на жичарата и најголема висинска разлика;
  • Најголем инсталиран капацитет за транспорт на патници, расклоплив шесто сед;
  • Услови кои нудат можности за најголем број на снежни денови, чисто северна ориентација;
  • Најдолги и најголеми ски патеки;
  • Најголем поврат на инвестицијата.

Strezevo ski liftovi Pelister

Предвидена е изградба на шестосед жичара со номинален капацитет од 2,500 скијачи на час, како и минимум  5 ски патеки за сите типови на скијачи (сина,црвена и црна) со вкупна должина околу 10 км, систем за вештачки снег на минимум една ски патека, асфалтен пристапен пат со паркинг за околу 500 возила, дополнителна опрема ратраци и ски санки, бачила, snow парк, snowboard патеки и останати содржини.

ski strezevo nizo pole razvoen plan

Инвестицијата за предложеното решение е околу 9 милиони евра, и може да биде реализирана како јавно приватно партнерство, со делумна поделба на инвестицијата помеѓу партнерите. Очекуваниот период на повратот на инвестицијата е околу 7 години, додека при дисконтна стапка од 12%, проектот има интерна стапка на поврат од 20.4% и нето сегашна вредност од 4.5 милиони.

Доколку постои интерес кај инвеститорот можна е реализација и на поголем проект од предвидениот, односно реализација на две или три решенија од предложените, со жичари или комбинација од жичари и ски лифтови, со што би се создал поголем скијачки капацитет кој би бил силна конкуренција на најголемите постоечки ски центри во Македонија

“ За оваа тема во Битола се зборува последниве 40-50 години, но никогаш ништо конкретно не се направило освен сегашните две скијачки патеки со кои стопанисуваме. Со реализација на овој проект Пелистер ќе стане атрактивна дестинација налик на Банско или Боровец, а туризмот и скијањето ќе се издигнат на високо место со можност за нови вработувања.” истакна Ѓероски.

Инаку минатава ски сезона по неколку години мирување повторно беше пуштен во функција ски центарот Стрежево. Центарот располага со два ски лифта, со лесна и средна тежина, патеките се идеални за обука на почетници и рекреативно скијање, центарот поседува угостителски објeкт како и сосема нов сноуборд парк кој ЈП Стрежево во соработка со Ски&Сноуборд клубот НоЛимит од Битола дополнително го анимираат Нижо Поле и Пелистер во целост.

На Пелистер на кој се сместени два ски центри Копанки и Нижо Поле – Стрежево радикално се зголемува понудата за зимски туризам и рекреација преку понуда на фрирајд скијање со ратрак, сноуборд парк и настани во рамките на истите.

Strezevo nizo pole pelister (6)

Strezevo nizo pole pelister (7)

Strezevo nizo pole pelister (8)

 

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки