ПК Македон организира oтворена еднодневна акција на Стогово и искачување на врвот Бабин Срт 2242 м.н.в. на 14 јуни 2015
Турата започнува од мијачкото село Гари, од каде по макадам се пешачи низ шумски дел покрај Гарска река, а поминувајќи ја реката се излегува од шумата и се продолжува до бачилата. По бачилата започнува искачувањето на врвот од каде се отвора импозантна перспектива кон Охридското езеро на југ, Дебарско езеро на запад (Дебарското поле и долината на реката Црн Дрим), планините Дешат на север, потоа Јабланица, Караорман, Галичица и Бистра.
Турата е во траење од 4-5 часа (во зависност од спремноста на групата). Првата кратка пауза е кај црквичето во шумата каде може да се наполни вода. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата кај бачилото или на висорамнината под врвот. Турата е средно тешка, но сепак долга, па бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел кога се искачува врвот. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време. Вода може да се наполни во Гари или кај црквичето по патот.
Пријавувањето за турата задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 12 јуни 2015.
Резервацијата на место е ИСКЛУЧИВО со уплаќање. Доколку не се потврди учеството до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.
Цената за турата е 500 денари.
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови (тргнување од Гари кон 17 часот). Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Гари. Бројот на местата се ограничени.
skimacedonia