Сервисирање на ски опремата и неколку совети

Зошто е потребно сервисирање на ски опремата?

Потребен е помал напор за кочење и вртење, притоа и се намалува и ризикот од повреди, професионалната обработка на кантовите т.е рабовите обезбедува добро држење на патеката дури и на при заледена подлога, а преку тоа и поедноставно управување и спуштање во сите снежни услови на патеките.

Состојба пред и по сервисирање 

Пред сервис кантот е тап и рѓосан, базата т.е подлогата е изгребана, оштетена и нема структура, после сервис кантот е изострен, а подлогата е рамна и подмачкана со восок.

servis

Мерки кои можете и сами да ги направите со цел вашата опрема да биде во добра состојба:

– чистење и сушење на везовите и скиите/сноуборд после секоја употреба

– чувајте ја опремата во просторија без влага

– користење на восок за заштита на подлогата

– поправка на сите навидум ситни оштетувања

– покрај добро чистење и сушење, препорачливо нанесување на добар слој на восок на крај од сезоната.

Кога е потребно сервисирање на опремата?

Темпото на сервисирање на скиите зависи од тоа колку често ја користите опремата, условите и теренот во кои се употребува, како и вашите вештини и знаења околу располагањето со опремата. Се препорачува еден почетен контролен сервис на почетокот на сезоната, доколку скијате повеќе денови интензивно и на крај на сезона кога се прави комплетно чистење, заштита и сушење.

Како сами да процените дали е потребен сервис?

–   Ако при скијање не сте во можност да направите леснo завртување на заледена стаза, тогаш е потребно да се изостри кантот

–   Малата брзина на рамни стази, значи дека е потребно подмачкување и обновување на подлогата со восок

–   Доколку скиите или сноубордот вибрираат на рамна стази, потребно е обновување на базата и мазнење на подлогата.
1526093_nordica-ski-service-oprema

За skimacedonia

3 коментари

  1. srekni praznici
    Ni trba servis na dva para decki skii i eden par za vozrasen
    dali vrsite servis i koga moze da gi doneseme skiite?

  2. дечки, ај пишете сервис за сноуборд во Скопје?
    благодарам, поз!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки