Социјалните мрежи изобилуваат со креативни случајни или сценирани фотографии и стории направени во природата, фотографии од интересни планинарски походи, рекреативни тури, скијање и сноуборд, фрирајд, турно, планински велосипедизам, кампување направени во време и невреме, згоди и незгоди.
Сите вие кои сакате да споделите интересна и креативна репортажна фотографија кои поседуваат соодветна содржина со кратка сторија-текст, можете слободно да ни ги испратите и ќе бидат објавувани како фото стории.
Фотографиите потребно е да бидат во квалитетен формат, една фотографија = една сторија, во висока резолуција максимум до 1200х800, изработени на нашите планини, езера, врвови со краток описен текст.

Ладна зимска ноќ на Италијанските Доломити за време на преминот во зимата. Во позадина познатите “Три Врвови” (Tre Cime), амбиент на -30 степени под нулата. Фото: Карин Еибенбергер
skimacedonia