Проектот Креативен викенд Лазарополе стигна до Париз

Про­е­ктот „Кре­а­ти­вен ви­кенд Ла­за­ро­по­ле“, кој функционира веќе трета година и организира креативни работилници околу раз­­ни креатив ас­пе­кти и умет­нич­ки перс­пе­кти­ви, оваа сре­да, 15 октом­ври, ќе ѝ би­де прет­ста­вен на пуб­ли­ка­та во Па­риз во кул­тур­но цен­тар „Ла Џе­не­ра­ле“

Про­е­ктот ќе го прет­ста­ват ко­ор­ди­на­то­ри­те Јо­ван Лам­бе­ски и То­ни Ди­ми­тров, пре­ку пре­зен­та­ци­ја, фо­то­гра­фии и кратко видео од из­ми­на­ти­те из­да­ни­ја на „Кре­а­ти­вен ви­кенд“. По­крај пре­зен­та­ци­ја­та, ќе би­дат прет­ста­ве­ни и дел од умет­ни­ци­те што до­се­га учес­тву­ва­ле во про­е­ктот, и тоа со де­ла­та до­би­е­ни ка­ко ре­зул­тат од кре­а­тив­ни­те ви­кен­ди.

kreativen-vikend-lazaropole

Покрај „Кре­а­ти­вен ви­кенд Ла­за­ро­по­ле“, во Па­риз ќе би­де прет­ста­ве­на и кон­цеп­ту­ал­на­та звуч­на ин­ста­ла­ци­ја „Страв од му­зи­ка“ на То­ни Ди­ми­тров, дел сни­мен во Ла­за­ро­по­ле.

– Де­ло­то по­ста­ву­ва ед­но клуч­но пра­ша­ње во со­вре­ме­на­та умет­ност и ја оп­сер­ви­ра ре­ла­ци­ја­та по­ме­ѓу умет­но­ста и зву­кот. Со­вре­ме­на­та умет­ност е ма­со­вен фе­но­мен, ме­ѓу­тоа, до­де­ка по­ши­ро­ка­та јав­ност не­ма проб­ле­ми со при­фа­ќа­ње­то на аван­гард­на­та и екс­пе­ри­мен­тал­на­та умет­ност, се­пак по­стои ма­со­вен от­пор кон аван­гард­на­та и екс­пе­ри­мен­тал­на­та му­зич­ка, иа­ко и две­те се по­ја­ве­ни во исто вре­ме и под слич­ни окол­но­сти – и по­крај фа­ктот што му­зи­ча­ри­те и умет­ни­ци­те пра­ват по­сто­ја­ни оби­ди да се вос­по­ста­ви си­не­сте­зи­ја по­ме­ѓу два­та ме­ди­у­ми – ве­ли Ди­ми­тров.

Оваа ин­ста­ла­ци­ја по презентациите во Скоп­је и Ви­ни­ца, ќе би­де из­ло­же­на во Фран­ци­ја, а подоцна и во Хо­лан­ди­ја на 15 но­ем­ври, во рам­ки­те на „ПНЕМ са­унд арт фе­сти­вал“. По­крај овој про­ект, на на­ста­нот ќе би­де прет­ста­вен и ау­ди­о­до­ку­мен­та­ре­цот „Ла­за­ро­по­ле“ во ре­жи­ја на Ди­ми­тров.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки