Објава на Федерација на планинарски спортови во Македонија до планинарските друштва

ДО СИТЕ ПЛАНИНАРСКИ КЛУБОВИ

Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ, Ве известува дека од Планинарската федерација на Турција, има добиено покана за учество на 15-тото Меѓународно искачување на Арарат-5137м, кој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Турција, Ерменија и Иран.

Според програмата, искачувањето ќе се одржи во периодот од 28  до 31 Август 2014 година.

Од секоја планинарска федерација до која е испратена поканата, можат да учествуват најмногу по 4 члена.

Доколку од Вашиот клуб, има заинтересирани членови за ова искачување на Арарат, потребно е да се пополни листот за пријава кој Ви го доставуваме во прилог, да се завери од страна на Вашиот матичен клуб, и да се испрати до Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ, најкасно до 15 август оваа година.

Доколу има поголем број на пријавени членови, Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ ќе направи избор на 4 членови, според објективно утврдени критериуми.

За дополнителни информации можете да се обратите на тел. 075 22 78 29, Виктор.

Комисија за високогорство и експедиции

Претседател

Виктор Антовски

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки