Летно искачување на Титов Врв

Планинарскиот клуб  -„ЈЕЛАК“ Тетово и планинарскиот клуб – „ТЕТЕКС“  Тетово организираат летно искачување на највисокиот врв на Шар Планина – ТИТОВ ВРВ. Планинарскиот настан ќе биде организиран на 23 и 24 Август 2014 година.titov-vrv-leshnica-plat-shar-planinaШар Планина, најголемата планина во Македонија е 80 километри по должина и 30 километри во широчина. Таа како млада планина со својот глацијален рељеф изобилува со прекрасни пасишта, густи шуми богати со извори и чисти планински реки.

Надморската височина на Титов Врв изнесува 2747 метри. Искачувањето од Попова Шапка до врвот е околу 4 – 5 часа пешачење со попатни одмори, на почетокот по макадамски пат, а потоа по добро маркирана патека.

Организираното планинарско искачување на врвот ќе се одвива по следната програма:

23.08 (Сабота)

o        До 15:00 часот – пристигнување на планинарите во Тетово;

o        15:00 часот – организиран превоз до Попова Шапка од пред Домот на културата, по цена од 100 денари во еден правец;

o        17:00 – 19:00 часот –  сместување на планинарите;

o        20:00 часот – свечено отворање на манифестацијата;

o        24:00 часот – повечерје.

24.08 (Недела)

o        05:30 часот – станување и припрема за марш;

o        06:30 часот –  поаѓање на планинарите кон врвот;

o        11:00 часот – пристигнување на врвот;

o        12:00 часот – поаѓање кон Попова Шапка;

o        16:00 часот – доделување на признанија и затворање на манифестацијата;

o        16:30 часот – организиран превоз кон Тетово по цена од 100 денари.

Сместување:

  • Планинарски дом „Смрека“ – 200 денари, сместувањето е организирано во планинарскиот дом Смрека, на Попова Шапка. Поради ограничените сместувачки капацитети, Ве молиме да се пријавите навремено.

Задолжително пријавување на оние учесници кој ќе пристигнат и учествуваат на маршот во недела на 24.08.2014 заради наша евиденција.

Напомена:

–                      За психофизичката состојба одговара секој учесник самостојно;

–                      П.К. „Јелак“ и П.К. „Тетекс“ обезбедуваат водич;

–                      Маршот ќе го обезбедува екипа на Горско Спасителска Служба од Тетово;

–                      Секое друштво добива спомен диплома, а секој учесник налепница од маршот;

–                      Исхраната ја обезбедува секој учесник самостојно.

 Контакт:

П.К. „Јелак“ (Борис-Цули)  070 – 596 – 637, Е-Mail:  pk.jelak@gmail.com

П.К. „Тетекс“ (Цветан)  075 / 465 – 602, E-Mail: pkteteks@gmail.com

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки