Франција плаќа за да користите велосипед

Во Франција почна експеримент со кој им се плаќа на луѓето кои на работа одат со велосипеди и со тоа станува дел од напорите на европски влади кои сакаат со таков потег да се подобри здравјето на населението и да се заштити околината од загадување.

Држави како Данска, Холандија, Германија, Велика Британија и Белгија веќе имаат такви проекти за луѓето кои одат на работа со велосипед, даночни олеснувања, плаќања по изминат километар и финансиска поддршка за купување велосипед.

Picture-3

Околу 20 компании во кои работат 10.000 луѓе се договорија да плаќаат по 25 центи за изминати километар со велосипед на луѓе кои ќе го користат тоа превозно средство за да дојдат на работа, соопшти француското Министерството за транспорт .

Властите се надеваат дека со овој потег ќе го зголемат користењето на велосипед за околу 50 отсто. Во моментот на работа со велосипед одат околу 2,4 отсто вработени.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки