Kranjec стана првиот Словенец кој победил на трка од веле слалом на Светскиот Куп
Словенците покажаа дека имаат одлична школа и јака натпреварувачка ДНА во нив.
Победата дојде неколку часа откако неговата сонародничка Ilka Stuhec освои женски super-G
Zan Kranjec е првиот Словенечки скијач кој триумфирал на трка од велеслалом на Светски куп, а тоа се случи во Saalbach, Австрија само неколку часа откако неговата сонародничка Ilka Stuhec го освои женскиот super-G во Val Gardena, Италија.
Kranjec беше на четврто место со половина секунда заостанување во првиот круг, но лидерот Matts Olsson од Шведска и Manuel Feller од Австрија не успеаа да финишираат во второто возење.
Loic Meillard од Швајцарија заврши втор за 0.19 секунди и Mathieu Faivre од Франција заврши трети за 0.50 секунди заостанување зад Zan Kranjec.
Седумкратниот светски шампион Marcel Hirscher заврши на шесто место со што ја прекина долгата и досадна низа од 18 едноподруго подиуми во трките од велеслалом за него.
Оваа трка беше замена за отворањето на сезоната во велеслалом , која беше одложена заради невремето во Soelden на стартот во Октомври.
skimacedonia

