Следи го евентот на организаторот
Организирани тури за истиот настан од Велес , Скопје
Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија го организира 14ти Меморијал “Димитар Кангов – Кангата” 2018
И оваа година по 14ти пат ке се одржи меморијалот, со искачување на највисокиот врв на Кожуф врвот Зелен Брег 2166м. овој меморијал го организираме во чест на нашиот долгогодишен член Димитар Кангов – Кангата, кој пред повеќе од 14 години го остави својот живот на Кожуф планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна.
Меморијалот годинава е ставен и во календарот на акции на ФПСМ ( Федерација на Планинарски Спортови на Македонија ).
Кожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција, највисок врв на Кожуф е врвот Зелен Брег со своите 2166м.
Кожуф се протега во правец југозапад-североисток и има заоблено и нерасчленето планинско било.
Поточно, планината Кожуф има две главни била како продолженија на Ниџе преку Козјак и тоа во два правца, југозапад и североисток.Од Пуљевац (1165 м.н.в) доаѓа до седлото Орлов вис (1627 м.н.в) преку врвот Коњска глава (1836 м.н.в) доаѓа до третиот по височина врв Дудица (2132 м.н.в). Отука главното било продолжува кон седлото Порта (1845 м.н.в), доаѓајки до највисокиот врв на Кожуф – Зелен брег (2166 м.н.в) потоа се спушта до седлото Марково езеро (2035 м.н.в) за да искачи до Морето или К-92 (2102 м.н.в.), па преку Мала рупа (2004 м.н.в) и преку Сува рупа (1960 м.н.в) да дојде до селото Љумница, село кое се наоѓа во Грција.
П Р О Г Р А М А
-14.10.2018 (Недела)
Поаѓање во 06:00 часот од паркингот кај Спортската сала 26 април Гевгелија. ( За учесниците од Гевгелија )
-Старт на меморијалот 08:00 часот од местото Аџибарица
( Шутка) 1650м.н.в.
-Маршута: Аџибарица (Шутка) 1650м.н.в.- Таблата – Марково езеро 2035м.н.в. – врв Зелен брег 2166м.н.в.
Должина во еден правец на маршутата е 7км. со висинска разлика од 520м. патеката спага во категорија ЛЕСНИ патеки.
-Пристигнување на врвот околу 11 – 12 часот мал одмор, полагање на цвеќе на спомен плочата, доделување на благодарници за учество на меморијалот на планинарските Друштва/Клубови како и за најмлад и најстар учесник. и враќање назад по истата патека.
-Посета на Планинарски дом “Томе Шутов – Кротки” кој се наоѓа во с. Конско
https://www.facebook.com/Planinarski-Dom-Tome-Sutov-Krotki-1406981082885701/
каде ке има спремено топол чај за гостите.
* Потребна опрема:
– соодветни чевли ( по можност планинарски )
– мал ранец
– мантил за дожд
– јакна
– ракавици и капа.
ПРЕВОЗ
– Членовите на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија 100ден.
– Останатите учесници планинари од другите градови СОПСТВЕН ПРЕВОЗ.
НАПОМЕНА:
– Сите кои се заинтересирани да учествуват на овој меморијал а се од Гевгелија задолжително пријавување во канцеларијата на Здружение Планинарски Спорски Клуб КОЖУФ Гевгелија секој Понеделник и Четврток во 20 часот.
Останатите планинари од другите градови кој ке доагаат задолжително да го најават своето учество на долу наведените лица за контакт, и должни се да дојдат со сопствен превоз до местото Аџибарица (Шутка).
– Исхрана од ранец.
– Вода за пиење има на стартот од акцијата и секој е должен да си наполни колку што му е потребно вода за цела акција.
По патеката на друго место вода нема.
Организаторот на овој меморијал Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија го задржува правото на измени на предвидената маршута во случај на лоши временски услови.
Последен рок за пријавување на учесниците на овој марш е на 11.10.2018г.
Подетални информации за Меморијалот и пријавување на планинари од другите градови кај
Александра Караманова
Секретарка на Клубот
тел.078-749-939 ( информации после 16 часот)
Лазар Митров
Член на Извршен на Клубот
тел. 070-347-698 ( информации преку цел ден )
или на фацебоок кај Претседателот на Клубот
Ристо Каркалашев
https://www.facebook.com/risto.karkalasev
skimacedonia


There’ѕ a chance yօu’гe my inspiration, I posseess feew blogs ɑnd rarely end from tο brand : (. http://Www.Stalowka.eu/artykul/1711/adaptacja-poddasza/