Јажинско Езеро на Шара со Трансверзалец

jazinsko ezero jazince shar planina

следи настан, 11 октомври, четврток

Јажинско (или Јажиначко) езеро е едно од најдлабоките и најубави езера на Шар Планина, сместено во подножјето на Езерски Врв од северната (косовска) страна во прекрасен планински предел со зелени ливади и големи камени сипари. Со својата длабоко сина боја Јажинското Езеро плени и остава силни впечатоци.

Патека на движење: туристички центар Превала (1500 м.н.в.) – Јажинско Езеро (2180 м.н.в.)
Вкупно времетраење: 6 часа (3 во правец) пешачење
Оние кои сакаат од езерото во времетраење од уште 1 час може да го искачат и Езерски Врв (2580 м.н.в.)
Тежина: средна

Погаѓање: 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2/Железничка во Скопје
Цена: 500 денари
За влез во Косово е потребно да понесете лична карта или пасош.
По завршувањето на турата има можност за седенка во рестораните и печењарите во Штрпце или Превала.

Пријавување најдоцна до 10.10.2018 на Верица Тодоровска – 070 342 787 и Лимонка Тасева – 071 591 260.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки