Малку прашања и одговори со Stephanie Venier: Светски Куп во Алпско Скијање
Stephanie Venier е членката на силниот Австриски тим во алпско скијање и покрај сезона со мешан успех е решена да се врати на најдобро ниво и да се натпреварува за медал во Аре 2019. Ова е сторијата на : Stephanie Venier.
Уште на почетоците во Европскиот Куп реши да се фокусираш на брзите дисциплини. Дали ова беше лесен и едноставен избор за тебе?
На почетокот се натпреварував во сите четири дисциплини, но секогаш ги преферирам брзите дисциплини па ми беше лесна одлуката да се фокусирам на super-g и на спуст.
Што ви се допаѓа најмногу во врска со super-g и спуст?
Ги сакам брзините и возбудата да се надминеш себеси со секоја трка.
Која е вашата омилена дисциплина?
Тешко е да се каже, двете се супер забавни, а веројатно во моментов зависи од тоа во која дисциплина сум подобра.
Се натпреварувате во исто време и во исти дисциплини со Lindsey Vonn, која е најдобрата скијачка на сите времиња. Кој спортист е вашиот пример или дали токму таа е можеби вашиот пример?
Во минатото имав два многу големи лични примери и тоа се Michaela Dorfmeister и Bode Miller. Сега веќе имам сопствена концепција и си најдов сопствен начин до успехот. Сепак се уште сум инспирирана од други спортисти и од различни спортови не само од скијање. Можеме да научиме доста во подготовките за натпреварувањата и за ре-обновата од други спортови.
Дали е мотивирачки или фрустрирачки да се натпреварувате со толку големи имиња како Lindsey Vonn?
Дефинитивно е мотивирачки да се натпреваруваш против некој што освои толку многу победи и што достигна толку многу. Предизвикот да скијаш побрзо од Lindsey е доста возбудливо и забавно.
St.Moritz 2017. Иако бевте во залет во тој момент од сезоната , тој подиум во спустот за сите дојде како изненадување, а за вас?
За мене беше мало изненадување. Во деновите и месеците пред St. Moritz бев навистина задоволна со моите тренинзи и со работите како се одвиваат во Светскиот Куп па знаев дека може да стасам до подиум. Но на Светскиот Шампионат сите се натпреваруваат со истата идеја да зграбат медал и многу спортисти имаат потенцијал за тоа па никогаш не се знае.
Може ли да ни објасните што се случуваше тој ден, дали нешто посебно се случуваше пред стартот ?
Имав многу повеќе самодоверба одколку било кога во мојата кариера. Знаев дека може да бидам брза. За време на трката забележав дека портите надоаѓаат многу брзо и дека скоковите ми се подолги одколку на тренингот. Па знаев дека имам одлична трка.
И како го прославивте вашиот медал?
Со моето семејство и пријатели, моите тимски колеги и тренерите. Сите беа таму и таа вечер беше неверојатна и морам да признаам дека забавата траеше до доцна во ноќта.
Изминатава сезона ви беше тешко да го стигнете резултатот од 2016/17. Што сметате дека недостасува да бидете меѓу најдобрите скијачи?
Ми требаше време да го процесирам резултатот од 2016/17. Во таа сезона бев поуспешна од било кога претходно и мојата форма одеше во нагорна линија. Но 2017/2018 не ја започнав на посакуваното ниво. Сепак не ја загубив вербата во мотото: добро е да се вратите чекор назад за да скокнете подобро и стигнете до целта.
Што може да научите од така разнолика сезона?
За мене лично беше доста поучна сезона. Морате многу да се борите и напорно работите за да имате успех; не ви е дадено самото од себе доколку сте биле успешни во минатото. Исто така кога работите не ви одат по планот исто така треба да работите.
Следната година, Аре ќе биде домаќин на Светскиот Шампионат 2019. Вашиот настап на super-g во Финалето годинава ви беше најдобро во сезоната. Ви се допаѓа таа патека?
Да , ја сакам патеката и снегот во Åre. За жал во финалето изминатава сезона можевме да ја скијаме само скратената патека, но имам убаво чуство таму.
Што очекувате од Светкиот Шампионат?
Мојата цел е да освојам уште еден медал но убедена сум дека останатите девојки нема да ми го допуштат тоа така лесно да го достигнам.
Што е потребно да се биде во топ форма токму на тој ден на натпревар?
На денот на натпревар, физичката спремност – кондиција и менталната сила, како и спремањето на скиите, сето тоа заедно треба да се вклопи. Исто така и е потребна и малку среќа на тој даден ден X како и поставеноста на стазата.
Исто така има неколку новини на календарот во Светскиот Куп следната зима, како Sochi и St. Anton, Вашата домашна трка каде настапивте за прв пат во Светскиот Куп. Која ви е омилена патека на турата од Светскиот Куп?
Garmisch-Partenkirchen е една од моите омилени патеки. Овде може да го прославам мојот прв подиум и го сакам тоа кога трката е техничка и предизвикувачка. Kandahar има се.
Колку е важно да го знаете теренот и релјефот?
Во брзинските дисциплини е најбитно/круцијално познавањето на теренот. Поставеноста на трките е многу слична секоја година во спустот, па да ги знаете клучните точки од теренот е многу битно.
Ќе биде ли предност за вас да скијате во Tyrol?
Не знам , кога прв пат скијав во St. Anton, не знаев дал да плачам или да се смеам на стартот. Таа патека е доста стрмна и со мокар снег е доста захтевна. Годините потоа научив да ја сакам оваа патека и се радувам што ќе скијам таму повторно. Исто така сите мои пријатели и семејството се таму и нивната поддршка ќе ми биде од огромно значење.
Може да ја следите Stephanie Venier на најзиниот Instagram.
skimacedonia
