Shiffrin се враќа на снег овој пат базата и беше Ушуаја, Јужна Америка.
Популарната членка на силниот тим на САД во алпско скијање после успешната сезона е решена да продолжи со исто темпо и да се натпреварува за златен медал во Аре 2019 на Светскиот шампионат.
И додека ги ситниме последните денови од месец август, а утрата и вечерите на планините се се постудени, се повеќе мислиме на зимата и како што велат во популарната серија Game of thrones, на крајот winter is coming. Скијачите патуваат на Јужната хемисфера бркајќи го снегот, алпското скијање ни е веќе на ум. Со мислите на алпско скијање ни доаѓа и визија од Shiffrin како танцува на падините и доминира во техничките дисциплини во нејзин препознатлив стил и успешно транзитира во брзинските дисциплини . Победничка во Светскиот Куп и во спуст, а со две титули едноподруго во шампионатот имаше активности преку цело лето. Патуваше во Франција да го види своето момче – Mathieu Faivre специјалистот во веле слалом кој е во националниот тим на Франција, потоа имаше обврски кон спонзорите на Канскиот филмски фестивал како и многу други церемонии. Сепак нејзиниот приоритет бр.1 е подготовката за престојната сезона со часови поминати во теретана со исцрпувачки фитнес програми. Сите овие часови поминати во сала понатаму би се претвориле во успех на планините за време на зимата, а на Светскиот Шампионат во Аре – Шведска во Февруари, Shiffrin цели кон златото. Бркајќи историско злато – ЧЕТВРТО во слалом на Светски Шампионат, доколку победи.
Ова лето дел од подготовките се далеку на југот во Ushuaia , Аргентина. Типично патување за неа во август беше Нов Зеланд, на снежен камп. Но оваа година бараше промена. Поради далечината и пред се временската зона, кампот во Нов Зеланд траеше по три недели што потешко паѓа, па Shiffrin верува дека Ushuaia вреди да се проба. Таа била задоволна од летниот камп на снег и подготовките согласно информациите по медиумите кои ги изнесе главниот тимски тренер во Алпско Скијање на Националниот тим на САД , Mike Day. Еве што имаше да каже…
”Ushuaia излезе добра опција за нас бидејќи има најразлични терени, како што се поумерените така и доста позахтевните патеки. Бидејќи се први подготовки на снег, ни овозможија да направиме повеќе тренинг сесии, а со тоа и убава прогресија.
Доста национални тимови го имаа користено ова место и ни го препорачаа, а наспроти Нов Зеланд позитивен момент е пократкиот престој и по малиот камп што го чини пократкото патување. Цел фокус е на 9 дена поминати на снег со блок тренинзи. На крајот излезе малку поинаку од иницијалниот план што е нормално во овој спорт.
Она што е уникатно за местото е што трениравме во патеки со линии од дрва, поставени стази од дрвореди по падините што е доста налик на терените од Светскиот Куп. Иако местото нуди одлична инфраструктура, лифтови и менаџмент тим кој се грижи за центарот, со доста внимание посветено на безбедноста пред се на површината на терените во ски центарот. Од друга страна имавме средби со интересна група на луѓе – локални тренери кои се запознаа и имаа контакт со нас. Mikaela имаше контакт со децата кои се обучуваат во локалниот ски клуб и беше доста забавно да се поврземе со локалната скијачка заедница. Она што излезе позитивно е нашиот напор да го стигнеме волуменот на тренинзи, со блок тренинзи со што пуширавме а тоa Mikaela го сака. Таа има кажано многупати дека нејзина примарна цел не се медалите, туку да скија најдобро што може и умее а свесна е дека со тоа ќе стигне и до врвот.
Се на се и Shiffrin е видно расположена бидејќи имаше успешен летен камп и целиот тим е возбуден што после десетина дена пауза дома во САД , оди на следна дестинација во Ј.Америка а тоа е Чиле , каде ќе биде фокусот брзината и ќе се засилат техничките подготовки пред да се започне сезоната во Soelden , Австрија во Октомври.”
skimacedonia

