Зимата го покажа своето пријатно бело лице во многу наврати за време на 2017/18 и продолжува да импресионира низ Јужната хемисфера во зоната на down under. Зимските “навиjачи” на снегот во Австралија и Нов Зеланд уживаат во најдобриот старт на зимата по долги години, со силни снежни врнежи низ австралиските скијачки центри во Викторија и Нов Јужен Велс и на Јужниот остров на Нов Зеланд.
Австралискиот Perisher има над метар снег и центарот секој ден отвара нови зони од својата област. Главниот директор на одморалиштето, Питер Бруисауер, изјави: “скијањето ќе биде неверојатно во сите одморалишта со најмалку 32 лифтови во фунцкија. Сезоната изгледа како од најдобри периоди што ги видовме од 2000 година “.
Првите настани на ФИС се во Perisher , каде што се одржуваат настани од ФИС Фристајл и сноуборд, на крајот на јули. Cardrona, Coronet Peak, Falls Creek и Treble Cone, исто така, ќе бидат дом на ФИС алпските трки подоцна во текот на годината.
skimacedonia


