Полскиот планинар и планински тркач Анджеј Баргил (30) стана првиот човек кој го искачи К2 (8611м) со скии и стана првиот планинар на кој му се оствари желбата да го скија вториот највисок врв на светот. Анджеј го искачил врвот во соло варијанта без користење на боци со кислород. Соло искачувањето му овозможило брзо движење кон целта.
Тој го искачи К2 пред два дена, утрото во 11:30 часот, а се врати во базниот камп околу 19:30 по локално време. Претходно, тој заедно со својот полски колега Јануш Голаб ја напуштија својата експедиција на Гашербрум II, која беше дел од аклиматизацијата за К2 ски предизвикот.
Претходно имаше неколку планинари кои делумно се обидоа да го реализираат овој екстремен подвиг, италијанскиот планинар, Ханс Камерманланд, ги искија последните 400 метри од К2 во 2001 година, Дејв Вотсон кој ги скијал горните падини на К2 на 4 август 2009 година. Вотсон скијал од 8351 метри надоле по тесно грло на К2, а германскиот екстремен алпинист, Луис Стицингер ја скијал рутата Кукушка до базниот камп. Стицингер се искачил на надморска височина од 7850 м.
skimacedonia






