Ски центарот Маврово конечно со посериозен систем за заснежување на патеките

16252075_Mavrovo Bistra sun tracks

Од следната сезона стазата Едносед ќе биде третирана со систем за вештачки снег.

Опремата од денес ќе биде во процес на монтажа и се планира да биде во фунцкија до почетокот на месец декември. Опремата е од реномираната италијанско-австриската DemacLenko која изминативе години веќе работеше на комплетни или делумни решенија во светски познатите ски центри како што се Шамони, Кицбил, Ст.Мориц, Кронплац, Марибор, Монтафон и др.

Системот кој е во вредност од околу 700 илјади евра e самостојна инвестиција на ски-центарот, а  во следните четири месеци, на патеката во должина од скоро 2 километри ќе биде поставена инфраструктура од 18 шахти, 9 снежни топа и 4 снежни столбови – жирафи. Просторот кој планира да се опфати со системот е целата стаза која подпаѓа под едноседот. Целиот систем за вештачко производство на снег ќе се управува преку компјутерски центар и ќе има 24-часовен надзор на патеката, количеството снег и на метеоролошката состојба на самата патека. Заснежувањето ќе започнe кога ќе се создадат температурни услови за тоа.

Ортиентациона мапа на зоната која ќе биде опфатена со вештачко заснежување

mapa mavrovo
Ортиентациона мапа на зоната која ќе биде опфатена со вештачко заснежување

„Инвестираме во опрема за создавање снег и ќе обезбедиме услови сезоната за скијање во Центарот да стартува порано од досега, односно уште пред новогодишните празници. Во однос на сегашната состојба за 30 отсто ќе го зголемиме бројот на денови за уживање на снежните патеки и скијачката сезона на Маврово ќе трае околу 100 дена во годината. Статистиката вели дека зимската сезона, во просек, почнува релативно доцна со најголем број туристи во јануари. Оваа година, во услови на доволно снег, резултира со околу 4.600 туристи, од кои 3.092 странски гости. Најслаб месец во сезоната е декември. Како што покажуваат резултатите, при лоши временски услови и поради недостиг на снег, лани пристигнале 2.154 туристи.

Кратката зимска сезона не дозволува можност за целосен развој и континуитет, со што би се овозможило таа туристичката дестинација да ги преживее периодите на ниска сезона (есен и пролет) и да инвестира и во летните пакети, изјави Огњан Циговски, извршен директор на ски центарот Маврово.

Имајќи во предвид дека оваа инвестиција повлекува и трошоци за функционирање на целиот овој систем , засега не се знае дали ќе има промена на цената на ски картите. Повеќе детали ќе гледаме да обезбедиме наредниот период.

snowvisual-titel
систем за надзор
snezni topovi zirafi
снежни столбови – жирафи

topovi za sneg mavrovo evo3-1

 

 

Машини за правење снег и над нулата

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки