Големиот снег кон Лешница не ни дозволи да продолжиме кон планираната бајк тура, па остана “само лабаво”. Периодов некои делници на Шара ниту се за скијање ниту за точак. Етузијастички се залетавме да направиме кружна тура на потегот, Попова Шапка, Лешница, Бродец, Вешала, Шипковица….Иако очекувавме кал, вода од сите страни, а секако и снег на патот, оптимиситчки тргнавме со мисла дека сепак ќе има некоја каква таква проодна линија. Така и беше. На почеток, пола пат во кал, пола со снег, вода леташе на сите страни, но се наоѓаше линија чиста за да можеш да возиш. Но тој момент на турни бутни почна да зачестува, за после извесно време кон север северо-запад во правец на Лешница снегот да го има во поголеми блокови, и брзо ни стана јасно дека зоната на С1 фрирајд станицата (близу над домот Јелак) ни стана крајна дестинација. Не размислувавме многу за да се распостелиме во пријатен заклон каде можевме заштитени од ветрот да изуживаме во Шарските пејсажи….
Во план е патот деновиве да биде расчистен и пробиен со булдожер. Штом добиеме корисна информација, секако дека ќе споделиме!
skimacedonia




