Од оваа сезона во Ски Центарот во Маврово, како новина се постави дрвен натпис на кој пишува “МАВРОВО”, за кој Мавровци се надеваат и очекуваат дека ќе биде овогодинешна атракција за инстаграмџиите кои сакаат својата посета на ски терените и планинските убавини да ја обележат со убава фотографија. Буквите се наоѓаат близу горната станица, двосед жичарата над Трифкова колиба, поставен на локација со панорамски поглед кон езерото и убавите планински предели. Први кои го посетија ова место, беа агенциите од Косово и Албанија кои беа дојдени на информативен FAM TOUR каде се запознаа со можностите кои ги нуди Ски Центарот како и хотелите кои нудат сместувања за оваа ски сезона.
Доколку сте зависни од правење на добри фотографии, ова место е перфектно за ВАС!
skimacedonia
