Францускиот ски центар Тињес викендот на 1 октомври, отвори сезона на глечерот Гранде Мота и им се придружи на неколкуте австриски, швајцарски и италијански ски центри. Еве кои ски центри се отворени и функционираат до моментов. Цените се движат од 40-50 евра за дневна ски карта.
Австрија
– Hintertux (45cm) нуди 9 патеки и работат половина од ски лифтовите
– Mölltal (100cm) работат 2/17 стази и 3/9 лифтови
– Pitztal (38cm) лимитирано скијање 3/12 лифтови во функција
– Solden (46cm) лимитирано скијање 5/33 лифтови во функција
Италија
– Passo Stelvio (120cm) функционира 100% 6/6 отворени лифтови
– Val Senales (30cm) делумно отворен, ограничено скијање
Швајцарија
– Saas Fee (125cm) во моментов има најголема површина за скијање 20 од 100 км се во функција
– Zermatt (160cm) има најдобри услови, а имаше и powder објава заради свежо паднатиот снег. Функционираат 15/54 лифтови.
Во зоните на Северна Америка и Канада во моментов нема активни ски центри.





skimacedonia