И оваа есен сме во нетрпеливо исчекување на датумите за најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание. Голем дел од датумите се одредени, картите веќе распродадени, се појави трејлерот, а конечно се објавени и петте филма кој ќе ви ја дадат овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам. Во продолжение на следните недели, до објавување на датумот на овогодинешното локално издание на REEL ROCK 11, со краток опис и галерија со фотографии ќе ги прeтставиме сите филмови од најновата колекција кои ќе ги прикажат најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот, а во меѓувреме секако ќе ја објавиме и локалната програма која и оваа година ќе се осврне на нашите највозбудливи качувачки подвизи. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација, а третиот кој ќе го уживате во единаесеттата турнеја е филмот:
БРЕТ
12 мин.
Главни ликови: Берт Харингтон
Споредни ликови/гласови: Марк-Андре Леклер
Проследете го надоаѓачкиот талент Брет Харингтон, низ нејзиното глобалното патување од гранитот во својот роден град Сквамиш, преку пологонот за докажување – големиот ѕид на Ел Капитен во Јосемити, па се до крајната дестинација, нејзиното познато фри соло на шпицот Сент Егзипери во Патагонија.
Претходните два филма од овогодинешниот REEL ROCK кои ги претставивме беа Нови дечки и Момци во вреќи.
skimacedonia








