Време е за REEL ROCK 11!

RR11
Време е за овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам! Оваа есен REEL ROCK стугнува до бројот 11 со најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација. Филмовите кои ќе ги уживате во единаесеттата турнеја се:

ashima
НОВИ ДЕЧКИ

Запознајте ги новите фаци на качувањето: 15 годишната Ашима Шираиши и 16 годишниот Каи Лајтнер, лидери на новата генерација, кои веќе го носат го спортот на следното ниво. Патувањето во Норвешка ги става нивните вештини на тест, а Ашима се обидува да направи историски подвиг на болдер во Јапонија со оцена V15.

RR11-2
МОМЦИ ВО ВРЕЌИТЕ

Вил Станхоуп и Мат Сегал се елитни качувачи по пукнатини и смотковци од светска класа. Следете ги низ смеа низ четиригодишната битка со цел да ја искачат негостопримливата 5.14 пукнатина високо во Канадската дивина на Бугабус.

RR11-3
БРЕТ

Проследете го надоаѓачкиот талент Брет Харингтон, низ нејзиното глобалното патување од гранитот во својот роден град Сквамиш, преку пологонот за докажување – големиот ѕид на Ел Капитен во Јосемити, па се до забележителното фри соло во Патагонија.

RR11-4
ОДЛИЧЕН ТАТКО

Осамениот волк Мајк Либецки патува до најоддалечените делови на светот да пронајде неискачени ѕидови и да воспостави први искачувања. Кога Мајк стана татко, доби нов предизвик: да го усогласи својот авантуристички живот со барањата на родителството, но исто така може да добие и нов партнер за своите експедиции.

RR11-6
DODO’S DELIGHT

Спакувајте ги свирчињата и развиорете ги едрата за една луда едречка авантура низ Арктичкиот круг со бродот Dodo’s Delight. Придружете им се на Шон Виланова Одрискол, Бен Дито и браќата Нико и Оливер Фавресе на рокачкото музичко патување на отворено море и нагоре низ неискачените големи ѕидови.

 

RR11-EMI
Valley Uprising со уште една номинација

По многуте награди со кои Valley Uprising се закити од неговата објава, почестени сме да објавиме уште една номинација поврзана со овој извонреден филм. Номиниран е за Graphic Design and Art Direction на News and Documentary Emmy наградите. Графичкиот гуру Бери Томпсон ќе биде на церемонијата на доделувањето на наградите во Њујорк на 21 септември. Стискајте палци!

RRfest
REEL ROCK
Фест

Бидете вклучени за надоаѓачките објави за тоа како REEL ROCK ќе ја прошири својата програма низ цел викенд исполнет со диви настани и добар провод во неколку избрани градови.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки