Пречење на Мон Блан 4810m (италијанска-француска страна / 01.07 – 11.07.2016)
Искачувањето на класичната италијанска рута до врвот Мон Блан преку домот Гонела претставува сосема поинакво планинарско искуство од класичната француска рута. Комплетно различен и малку потежок планинарски пристап до врвот, избегнувајќи ги големите гужви од планинари и туристи на француската страна. Патеката на движење минува преку глечери и снежен гребен, следејќи една природна линија на искачување. Наоколу можат да се видат огромните стени и стрмен релјеф каде се наоѓаат некои од најатрактивните алпинистички насоки на масивот Мон Блан. Ова искачување нуди прекрасни пејсажи и претставува незаборавно искуство.
Спуштањето е преку класичната француска рута со ноќевање во домот Тет Рус, како и посета и ноќевање во популарното гратче Шамони. Водич на акцијата е Александар Кирковски кој досега има три успешни искачувања на врвот Мон Блан, комбинирано и од француска и од италијанска страна, како и значајно искуство на Алпите воопшто. Акцијата е предвидено да се реализира во мала група составена од 5 до 7 учесници, а со тоа да се запази безбедноста и ефикасноста на искачувањата. Доколку бројката на учесници е поголема од 5, клубот ќе обезбеди и помошник водич исто така со соодветно искуство за ваков тип на акции.
Организатор: Планинарски клуб “Македон” – Скопје
Број на места: 7
Цена: 650 евра
Програма:
1. Скопје – Италија.
2. Пристигнување во Cervinia. Сместување во камп и слободен ден.
3. Аклиматизационо искачување на врв Брајтхорн 4165 мнв (со жичара до Плато Роса 3480 мнв)
4. Трансфер до Courmayer, Val Veny. Сместување во камп и средување на опремата.
5. Искачување до домот Gonella 3072 m. Ноќевање во домот.
6. Искачување на врвот Mont Blanc 4810 m и спуштање на француска страна до домот Tete Rousse. Ноќевање во домот.
7. Симнување до Nid d’Aigle 2370m, од таму со трамвај до Chamonix. Сместување во камп и прошетка низ градот.
8. Резервен ден #1
9. Резервен ден #2
10. Резервен ден #3
11. Враќање назад во Македонија.
Во цената е вклучено:
– Превоз
– 2 ноќевања во камп во Cervinia.
– 3/4 ноќевања во камп во Courmayer, Val Veny.
– Ноќевање во камп во Chamonix.
– Ноќевање во планинарски дом Gonella и ноќевање во дом Tete Rousse.
– Жичара на Брајтхорн и планинска железница на Мон Блан.
– Организација и водство на акцијата.
Пријавување:
– Рок за пријавување: До 20.02.2016 година, со пополнување пријава и уплата на аконтација од 200 евра.
Инфо на: kps@makedon.mk или 070390540 (Алек)
Водич на акцијата: Александар Кирковски
* Искачувањето на врвот Мон Блан бара одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство. Во периодот пред акцијата водичот на истата ќе организира неколку заеднички тренинзи и припремни акции. Секој учесник е должен да посети спортска медицина во период од 3 месеци пред изведувањето на акцијата. Организаторот има право да изврши проверка и селекција на пријавените кандидати и доколку смета дека некои од нив не ги исполнуваат условите за учество истите да ги одбие. Секој учесник во акцијата доаѓа на сопствена одговорност и одговара за сопствената психофизичка состојба.
skimacedonia
