Сноуборд шампионот, младата Естел Балет (21) вчера несреќно го загуби животот во лавински инцидент во текот на снимање на филм во близината на Орсиереса кантонот Валаис на границата меѓу Франција и Швајцарија.
Естел, следела друг сноубордер кога се иницирала лавината по нејзиното пуштање, притоа удирајќи во карпа, починала на лице место. Полицијата соопшти дека, единиците за спасување брзо пристигнале до местото на несреќата, но дека и покрај заштитната опрема, Естел се здобила со фатални повреди.
Естел Балет иако млада беше шампион во сноуборд на Freeride World Tour шампионатите за 2015 и 2016 година.
Ова е последната нејзина објава на социјалните мрежи пред снимањето на филмот

skimacedonia

