Ниџе – Kајмакчалан и Лутраки

nidze kajmakcalan

Еднодевна отворена прошетка на некачениот Кајмакчалан и преубавото селце Лутраки (Пожарско на македонски) со надворешните спа базени. Турата е за сите категории на уживатели, кои сакаат да се прошетаат и да се наполнат со позитивна енергија, од почетници до страствени уживатели од сите возрасти. Целта на овој ивент е дружба, да видиме дел од историјата на југот на Македонија, да видиме што нуди Лутраки, да дишеме воздух на 2528 м.н.в. и да јадеме гиро во Грција.
Здравјето ќе ни би биде благодарно! 🙂

Искачувањето на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе е само 3,5 км во правец со многу мала тежина, со што ги задоволува зимските критериуми. Врвот Кајмакчалан е висок 2528 м.н.в. Почетно искачување е 2020 м.н.в. со искачување од цели 508 метри 🙂 (Нецело Водно)

Програма:
Tргнување на 21-02-2016 год. (Недела) од Пошта 2 на Железничка станица – Скопје
во 04:30 часот – Попатно застанување во Велес и Битола.

Времетрање на искачувањето: 2 часа
Тргнуање од Лутраки кон МКД: 16:00 часот

Храна:
Од ранец, суво овошје и 1,5 л. вода
Опрема:
За планината: Oблекување во слоеви, зимска јакна, капа, ракавици, зимски чевли.
За Лутраки спа : Пешкир и костим за капење.
Во автобусот можете да си оставите се што сакате да се пресоблечете.

Превозот е организиран со автобус, доаѓаат тие што се редоследно платени. Пријавување најдоцна до четврток 18-02-2016 год.
Цена: 15 евра или 899 ден.

Плаќање :
Алекс (070-382 751 ) Од католичка црква до Ѓорче Петров
Хари (077-743 599 ) Драчево – Киесла вода – Центар
Дејан ( 071-212 808 ) Ново Лисиче- Лисиче- Аеродром
Дани (078- 276 148 ) За Велес

Кој сака и групно патничко осигурување по цена од 50 ден по човек мора да достави, број на пасош, матичен број и име и презиме каде што ќе плати.
Цените на затворените спа центри ќе бидат подолу обајавени.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки