Ноќ на Караџица

filip cakarov karadzicaлинк до fb event
Одиме на една порелаксирана тура со спиење и меѓусебно запознавање.Турата е за сите видови на планинари со добро расположение исто така добредојдени се сите оние кои можат да се пронајдат во групава.
Турата е лесна. Во недела ќе имаме утринска прошетка до Жаба и долу до реката (2 часа во 2-та правци) и потоа до гробот на дедо Боро (1,30 час во 2-та правци).
Во недела нашата група дава ручек -посно гравче со салата и лепче . Кујната е отворена и ќе може разумно да се користи со тоа што се што ќе се искористи од инвентарот должни сте да го измиете.
Во саботата ќе си направиме гезме . Ако се организираме добро ќе донесеме и озвучување (како опција)
Целиот аранжман е со спиење и пат и, чини 500 денари од човек . Во сабота ќе не оставаат и, во недела не земаат со комбиња по многу лош (крш) пат. Плаќањето е најдоцна до четврток 28 јануари до 19:00 часот. Домот располага со ограничен број на места за спиење(само со 50 места). Затоа реагирајте ПОБРГУ!
Пријавувањето е кај Алекс 070 382 751 и Дејан 071 212 808
Тргнувањето е од Пошта 2 на Железничка станица во 09:00 часот.
Почнуваме со искачување од хотел Принц и до домот Караџица се оди 2 часа по макадам пат и по шумски пат со преубави глетки на планината Китка и Караџица од масивот Мокра.
Храна си носи секој сам , освен заедничкиот ручек во Недела.
ВАЖНО:
Aко се соберат 17 луѓе за после 16:00 часот во сабота да тргнат кон Караџица. Ќе им организираме превоз и ќе ги пречекаме пред хотелот Принц за да одиме нагоре заедно. За нив задолжителна е челна ламба.

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки