Рекордер за оваа сезона Вистлер-Британска Колумбија

whistler-blackcomb-ski-resort

Одличните временски услови оваа сезона во канадскиот ски центар Вистлер кој се наоѓа во Британска Колумбија, придонесоа скијање да има до почеток на летово.

Таму оваа сезона се евидентирани неверојатни 1117 см или нешто над 11 метри снег, кои Вистлер го ставаат на врвот на центри со најдобри услови за скијање. Во моментов има околу 3 метри снег низ ски центарот и покрај стартот на пролетта. Само во месец март наврнаа дури 300 см нов снег.

Snow Depth snow forecast ski

Во нашиот поблизок “пореален” прифатлив терен, се издвојува францускиот Шамони со 7 метри снег на горните станици на 3842 метри. А од останатите тековно пријавени снежни покривки во моментов водечки се швајцарскиот Енгелберг (350 см), Гармиш-Партен Цугшпиц-Германија (325см), Золден-Австрија (298см), Алп Дуец- Франција (275см).

Кај нас ситуацијата не е многу за коментирање, тука нема ни официјална тетратка за евиденција колку снег наврна, но висината на вкупно наврнатиот снег низ ски центрите се движи околу 100-150 см за ова прилично топла зима.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки